Лавина затрупа седиште на пакистанската војска
7 април 2012Инцидентот се случи рано утрово во регион Сиачен, околу кој владее спор меѓу Индија и Пакистан уште од 1982 година, кога властите во Делхи испратија трупи за да ја окупираат областа. Седиштето на баталјонот на пакистанската војската, кое е потрупано од снежната лавина, е дел од поделената област Кашмир.
„Започнавме спасувачка акција со хеликоптери, а експерите веќе пребаруваат“, изјави анонимниот извор од пакистанската армија. Судбината на војниците и на помошниот персонал за сега е непозната. Неколку пакистански телевизии претходно информираа дека лавината затрупала 150 војници. Затрупаните лица се бараат и со кучиња трагачи
Во поделената област се проценува дека бројот на индиски и пакистански трупи се движи помеѓу 10.000 и 20.000 војници. Експертите тврдат дека на местото, кое е ничија земја и е на висина од 6.000 метри, лошата клима и теренот склон на лавини однеле повеќе човечки животи отколку пукањето меѓу двете закарани страни.