Мнозинството Американци немаат дилема за идниот претседател
11 ноември 2020На САД им претстојат бурни недели. Фронтовите меѓу Доналд Трамп и Џо Бајден се зацврстуваат.
Актуелниот претседател не сака да попушти, а победникот на изборите се подготвува за владеење. Тонот станува сè поостар: новоизбраниот претседател Бајден како „срамотно“ го опиша однесувањето на актуелниот претседател Трамп , кој пак продолжува да зборува за „лажирани избори“. Но, што мислат граѓаните на САД?
Речиси 80 отсто од Американците, меѓу кои има многу републиканци, го признаваат Џо Бајден за нов претседател, откако медиумите врз основа на водството во пресудните сојузни држави на изборите на 3 ноември го прогласија за победник, покажа истражувањето на Ројтерс/Ипсос.
Бајден, на кого му беа потребни 270 електорски гласа за победа, освои 279 наспрема 214 колку што освои сегашниот американски претседател Доналд Трамп.Бајден освои 76,3 милиони гласови или 50,7 насто од гласовите на избирачите, а Трамп 71.6 милион односно 47,6 отсто.
Повеќе:
-Поразот на „кумот“ од Вашингтон - удар за европските популисти
-Светот каков што беше пред Трамп, нема да се врати
-Меркел со честитки за Бајден и Харис: „Америка е и останува нашиот најважен сојузник“
Анкетата на Ројтерс/Ипсос, која беше спроведена од саботата до вторникот, утврди дека 79 насто од возрасните Американци веруваат дека Бајден ја освоил Белата куќа.
Три отсто веруваат дека победил Трамп, за 13 насто од испитанците изборите сѐ уште не се одлучени, 5 отсто од анкетираните немаат став за тоа кој победил на изборите.Речиси секој демократ и околу 60 насто од републиканците веруваат оти победил Бајден.
Едисон Рисрч, кој ги спроведува анкетите за Ројтерс и за другите медиуми, во саботата објави дека Бајден победил на американските избори откако го зголеми водството пред Трамп во една од пресудните сојузни држави - Пенсилванија.
Трамп не го признава поразот и без докази тврди дека има масовна измама на изборите.
Според анкетата, 70 отсто од Американците, меѓу кои 83 насто се демократи и 59 отсто се републиканци, им веруваат на своите изборни власти дека чесно ја работат својата работа.
Истражувањето покажа оти 72 проценти од испитаниците веруваат дека губитникот мора да го признае поразот, а 60 отсто веруваат оти Трамп во јануари мирно ќе ја предаде власта.Анкетата опфатила 1.363 испитаници.